Информации
Станици за технички преглед, распоредени на територија на РМ
Одобрение за управување туѓо моторно возило
Возачите – македонски граѓани, при патување надвор од границите на нашава земја со возило чиј сопственик е друго лице мора да поседуваат посебно Одобрение за управување туѓо моторно возило (ОТВ).
- Овој документ служи како доказ, пред нашите гранични служби и пред надлежните органи на државите во кои се патува, дека возилото не е украдено или на друг начин оттуѓено , односно дека возачот со него се служи легално согласно волјата на сопственикот на возилото .
Опис на постапка
- Одобрението се издава врз основа на лична карта на сопственикот на возилото и сообраќајната дозвола за возилото, како и пасошот на лицето на кое возилото се отстапува на користење .
- Доколку возилото е во сопственост на правно лице , неопходен е допис од правното лице, заверен со печат и потпишан од овластено лице, во кој мора да се наведат името, презимето и бројот на пасошот на лицето кое ќе управува со возилото во странство, регистарската ознака, марката и типот на возилото, како и согласноста наведеното лице да управува со возилото во странство .
- Истовременото присуство и на сопственикот (за правно лице – одговорното лице) и на корисникот на возилото е задолжително за време на издавањето на одобрението, а задолжителни се и нивните потписи на самото одобрение .
Рок на важење
Рокот на важење на одобрението изнесува 1 година од денот на издавањето, со тоа што може да биде и пократок во зависност од волјата на сопственикот на возилото. Одобрението може да се користи за повеќе патувања во странство, се до истекот на неговата важност .
Потребни документи
-
лична карта на сопственикот на возилото и сообраќајната дозвола за возилото;
-
пасош на корисникот на возилото (задолжително лично присуство) и
-
допис од правното лице, заверен со печат и потпишан од овластено лице (доколку возилото е во сопственост на правно лице).