Информации
Занаетчиска комора на РМ
Васил Ѓоргов 11
Тел:+389 (2) 3213 308
Постапка за упис на занетчиска дејност во Регистарот на занаетчии
Вршењето на занаетчиската дејност занаетчијата го запишува во Регистарот на занаетчии, кој го води Занаетчиската комора на РМ.
Вршителот на занаетчиската дејност го запишува вршењето на занаетчиската дејност под услови и на начин утврдени со Законот за трговските друштва.
Занаетчијата може да врши занаетчиска дејност, ако:
1. има соодветно стручно образование или соодветна стручна оспособеност за вршење на одредени занаетчиски дејности и
2. не е во работен однос.
Занаетчијата кој се занимава со домашно ракотворење или со уметничко занаетчиство не треба да го исполнува условот од точка 1.
Доколку вршителот на занаетчиска дејност не го исполнува условот од точка 1, занаетчиската дејност ќе може да ја врши ако вработи лице кое го задоволува овој услов.
Опис на постапката за упис во Регистарот
За вршење на занаетчиската дејност физичкото лице поднесува писмено барање до Комората, за упис во Регистарот на занаетчии, во местото каде што се наоѓаат просториите каде што се врши занаетчиската дејност. Доколку занаетчиската дејност не се врши во простории, барањето за упис во Регистарот на занаетчии се поднесува во местото на живеење.
- Барањето се поднесува на два идентични обрасци, со еден прилог на докази.
- Со барањето, физичкото лице приложува и докази дека ги исполнува горенаведените услови.
Комората во рок од осум дена од денот на поднесувањето на барањето донесува решение за упис во Регистарот на занаетчии.
Доколку физичкото лице кон барањето за упис во Регистарот на занаетчии приложи невалидни докази, Комората ќе донесе решение со кое се одбива уписот во Регистарот на занаетчии.
Против решението на Комората може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот до министерот за економија.
Престанок на дејноста
Занаетчијата престанува да врши дејност и се брише од Регистарот на занаетчии:
1) со одјавување и 2) по сила на закон.