Информации

Основен суд Ресен
ул. „Таше Mилошевски” бр.3, Ресен
Тел. 047 452 588
Факс. 047 451 144
Е-пошта. info@osresen.mk

Основен суд Ресен

Основиот суд во Ресен е основан за подрачјето на општината Ресен.

За решавање на предмети од надлежноста на Основниот суд Ресен се ангажирани 3 судии.

Основните судови се основаат за една или повеќе општини чие подрачје е определено со овој закон. Основните судови согласно со стварната наделжност судот во прв степен и се осниваат како судови со основна надлежност и судови со проширена надлежност.

Основните судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат во прв степен по кривични дела и прекршоци и тоа:

  •  за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некој кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд.
  • за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
  • да спроведуваат истраги или истражни дејствија за кривични дела од своја надлежност,
  • за сите видови на прекршоци освен за прекшоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања и
  •  за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.
  • Основните судови со основан надлежност се надлежни да одлучуваат во прв степен пио граѓански спорови и тоа:
  •  за спорови во имотно правните и други граѓанско п равни односи на физижки и правни лица чија вредност е до 15.000 евра во денарска против вредност доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд.
  •  за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак за поништување на брак и развод на брак
  •  за законска издршка,
  • за чување и воспитување на деца,
  • за смеќавање на владение,
  • за доживотна издршка,
  •  за надоместок на штета, која не надминува 15.000 евра во денарска против вреднсот,
  •  во постапка за обезбедување и извршување,
  • за работни односи,
  • спорови од наследно – правнни односи,
  •  во вонпарнични и оставински работи,
  •  да водат тапии и
  • за други работи утврдени со закон.