Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Основица за пресметка на придонесите

Основицата за пресметка и плаќање на придонеси е дефинирана во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и истата се разликува според различните категории на обврзници за плаќање:

  • плата, дополнителни примања од работен однос;
  • плата за работа со скратено работно време;
  • месечната аконтација на нето приходот;
  • пензијата, односно надоместокот според прописите на пензиското и инвалидското осигурување;
  • 50% од просечно исплатената месечна плата по работник итн.

Најниска основица

  • Основицата за пресметување и плаќање на придонесите, односно основицата за осигурување за тековната година не може да биде пониска од 50% од просечна плата по работник во Република Македонија, објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.
  • За самовработено лице кое врши професионална и друга интелектуална услуга основица за пресметување и плаќање на придонесите, односно основицата за осигурување за тековната година не може да биде пониска од просечната плата по работник во Република Македонија, објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока основица

  • Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за месец јануари 2012 заклучно со декември 2014 година е износот од шест просечни плати.
  • Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонеси за тековната година за лице корисник на паричен надоместок за време на привремена невработеност изнесува 80% од просечната плата по работник во Република Македонија, објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.