Информации
Агенција за електронски комуникации на РМ
Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје
тел:+389 (2) 3289 - 200
факс:+389 (2) 3224 - 611
е-маил: contact@aec.mk
Отповикување на одобрение
Одобрението за користење на радиофреквенции може да биде отповикано по службена должност од страна на Агенцијата или пак на барање на носителот на одобрението.
- За отповикување на одобрение за користење на радиофреквенции се доставувава писмено општо барање за отповикување во кое е наведен бројот на одобрението кое се отповикува.
- Агенцијата може да отповика одобрение за користење на радиофреквенција на предлог на носителот на одобрението само доколку ги има исполнето сите обврски согласно со Законот за електронски комуникации и условите на одобрението (платен годишен надоместок за користење на радиофреквенции и др.).