Информации

Министерство за транспот и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Предлог барање за отуѓување (давање под долготраен закуп) градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање

Градежното земјиште сопственост на Република Македонија може да се отуѓува и дава под долготраен и краткотраен закуп со јавно наддавање и со непосредна спогодба, доколку со урбанистички план или урбанистичка планска документација на градежната парцела не се предвидува изградба на градби од јавен интерес утврдени со закон.

Со јавно наддавање градежното земјиште сопственост на Република Македонија се отуѓува и дава под долготраен закуп кога:

  • градежното земјиште во рамките на градежна парцела е во целост сопственост на Република Македонија без товари и ограничувања и
  • повеќе од 70% од вкупната површина на градежната парцела е сопственост на Република Македонија без товари и ограничувања.

Опис на постапка

  1. Домашни и странски физички и правни лица можат да поднесат Предлог – Барање за отуѓување (давање под долготраен закуп) градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање до Министерството за транспорт и врски на РМ.
  2. Барањето треба да биде комплетирано со целосна документација во оригинална форма (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот).

Потребни документи

  • Предлог – барање за отуѓување (давање под долготраен закуп) градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање;
  • Извод од важечки Детален урбанистички план со затемнета градежна парцела со точни мери и граници на градежната парцела, односно Урбанистички проект согласно член 50 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање  (од надлежната општина);
  • Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела усогласени со точка 1 (изготвен од трговец поединец-овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи);
  • Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија (од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар) (без товари и ограничувања) односно доколку во катастарската евиденција е евидентиран друг корисник согласно член 79  од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост  потребно е Министерството за финансии, Управа за имотно правни работи да утврди престанок на правото на користење;
  • Уверение за редослед на извршените промени во катастарската евиденција за предметното градежното земјиште сопственост на Република Македонија кое претставува КПбр._______ КО ________за период од 1929 година до денес (од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар;
  • Врз основа на Уверението, конкретен одговор дека не е покрената постапка за денационализација до 31.12.2007 година за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија кое претставува КПбр._______ КО ________од поранешните сопственици односно од нивните наследници (надлежната Комисија за денационализација);
  • административна такса 1500,00 денари за отуѓување и
  • административна такса 1800,00 денари за давање под долготарен закуп.

Документите ги приложувате во оригинална форма (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот).