Информации

Министерство за транспорт и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Отуѓување и давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба

Опис на постапка

  1. Отуѓувањето и давањето под долготраен закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба се врши по поднесено барање од физичко или правно лице.
  2. По барањето општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, одлучуваат согласно со одредбите од Законот за општата управна постапка.
  3. По правосилност на решението со кое се уважува барањето , градоначалникот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во име на Република Македонија, во рок од 5 дена склучува договор за отуѓување или давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба.
  4. Против донесените решенија и заклучоци во водењето на постапките за отуѓување и давање под долготраен закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба, може да се изјави жалба до министерот.

Потребни документи (кога градежното земјиште се отуѓува со непосредна спогодба за потребите на верските заедници за изградба на верски објекти предвидени со урбанистички план или урбанистичка планска документација)

  • Барање за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба за потреби на верските заедници за изградба на верски објекти предвидени со урбанистички планови;
  • извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;
  • геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
  • имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;
  • согласност за изградба на верски објект на предметното градежно земјиште од страна на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи;
  • уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и
  • доказ за регистрација на верската заедница согласно со закон.

Потребни документи (кога градежното земјиште се отуѓува со непосредна спогодба за потребите на дипломатско-конзуларните претставништва за изградба на дипломатско-конзуларни објекти)

  • Барање за отуѓување на градежно земјиште сопственост Република Македонија со непосредна спогодба за потреба на дипломатско-конзуларните претставништва за изградба на дипломатско-конзуларни објект, (Барањето се поднесува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите кои се однесуваат на управувањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, кој врз основа на претходно прибавена согласност од Владата на Република Македонија одлучува по истото.);
  • извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;
  • геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
  • имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;
  • уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и
  • мислење од Министерството за надворешни работи.

Потребни документи (кога градежното земјиште се отуѓува со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација, а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела и ако со планот на таа градежна парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон)

Потребни документи (кога градежното земјиште се отуѓува со непосредна спогодба на другите сопственици на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација и еведентирани во јавната книга на недвижности кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежно земјиште)

Потребни документи (Сопствениците на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација на градежно земјиште на кое имаат засновано право на долготраен закуп, доколку објектите се изградени согласно со урбанистички план или урбанистичка планска документација и доколку ја имаат исплатено закупнината за тековната година и другите давачки кои произлегуваат од договорот за долготраен закуп можат да поднесат барање да им се отуѓи градежното земјиште со непосредна спогодба. Закупнините кои се платени до денот на поднесувањето на барањето не се пресметуваат во цената за отуѓување на земјиштето.)

Потребни документи (кога градежното земјиште сопственост на Република Македонија наменето за изградба на објекти од јавен интерес се дава под долготраен закуп со непосредна спогодба)

  • Барање за оттуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија наменето за изградба на објекти од јавен интерес се дава под долготраен закуп со непосредна спогодба;
  • извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;
  • геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
  • имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;
  • уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и
  • доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице.

По добивање на барањето со доказите  општината, општината во градот Скопје и градот Скопје, доставува барање до Владата на Република Македонија за давање на согласност за склучување на договор за долготраен закуп со непосредна спогодба.