Информации
Министерство за образование и наука на РМ
"Мито Хаџи-Василев Јасмин" бб , 1000 Скопје
тел. +389 (2) 3140-176
тел. +389 (2) 3140-175
Педагошка служба
Педагошката служба е орган на државната управа во состав на Министерството за образование и наука. За остварување на работите од својот делокруг Педагошката служба е надлежна да:
- изработува модели на услуги кои ќе бидат развивани во соработка со воспитувачите, наставниците, директорите на училиштата, единиците на локалната самоуправа и родителите на децата и на учениците согласно сo потребите на училиштето, ученичкиот дом или друга воспитно-образовна установа;
- дава стручна помош на децата и на учениците кои имаат потреба од детски психолог преку одржување директни контакти или на друг начин, зависно од видот на проблемот;
- организира работилници и обуки за правилен развој на децата и учениците и правилно искористување на расположливите ресурси во воспитно-образовните установи;
- развива децентрализирана мрежа на детски психолози кои директно или индиректно ќе им помагаат на децата, учениците, родителите, воспитувачите и наставниците во постигнување квалитетно ниво на личен, психолошки, социјален, културен и воспитно- образовен развој на децата и учениците;
- дава стручни мислења на министерот за образование и наука за развојот на воспитната и образовната политика во Република Македонија;
- ги следи најдобрите европски практики во детската и образовната психологија и согласно со искуствата развива најсовремени програми и алатки за решавање на актуелните проблеми во воспитно-образовните установи;
- поттикнува и организира проекти поврзани со развивање на квалитетна воспитно-образовна психологија во воспитно-образовните установи;
- предлага мерки и планови за промовирање на менталното здравје на децата и на учениците;
- соработува со родителите, децата, воспитувачите, учениците и со наставниците;
- учествува во советувањето на родители и да предлага мерки за надминување на појавените конфликти;
- до министерот предлага Програма за советување на родителите;
- дава стручно мислење за асоцијално или антисоцијално однесување на ученикот, односно неморално или неетичко однесување на ученикот, кога родителот е поканет на советување за такво однесување на ученикот;
- обезбеди присуство на свој вработен кога родителот, односно старателот на ученикот повеќе од двапати е повикан на советување;
- поднесува предлог за поведување на прекршочна постапка за родителите кои не се јавиле на поканата за советување и истите не го оправдале своето отсуство;
- врши евалуација на карактеристики на личност за подобност за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност (тест на личноста);
- предлага мерки за јакнење на поддршката, грижата и развојот на здрава работна средина во воспитно-образовните установи;
- соработува со директорите на ученичките домови, основните и средните училишта и континуирано да бидат запознаени со проблемите кои се појавуваат меѓу децата, меѓу воспитувачите и децата, меѓу учениците, меѓу учениците и наставниците, меѓу наставниците и родителите, како и меѓу учениците, родителите и наставниците, а кои негативно се одразуваат на психолошкиот, социјалниот и воспитно-образовниот развој на децата и учениците, како и да предлага конкретни мерки за надминување на проблемите;
- промовира програми и мерки за развој на психолошкиот, социјалниот, културниот и воспитно-образовниот потенцијал на учениците;
- предлага програми и мерки за поквалитетен психолошки, социјален, културен и воспитно-образовен развој на учениците со посебни образовни потреби;
- врши стручно-административни работи за Националната комисија за учебници;
- распишува јавен оглас за рецензенти за ракописите за учебници и врши избор од пријавените кандидати и
- објавува каталог на одобрени учебници за употреба на веб страницата на Министерството.