Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Плаќање со цесија

Исплатата на платата може да се изврши и со склучен Договор за цесија. За истото потребно е да се исполнат следните услови:

  • обврзникот за пресметка и уплата да има поднесено МПИН;
  • да има добиено фолио;
  • по истото да нема извршено плаќање;
  • да постои побарување на обврзникот за пресметка и уплата од друг обврзник, кое е поголемо или еднакво со долгот што тој го има кон УЈП и
  • да има склучен Договор за цесија.

Обврзникот за пресметка и уплата склучува Договор за цесија со негов должник, со што тој прифаќа да ја плати обврската за придонеси, персонален данок и да ја исплати платата за негова сметка. Договорот за цесија и првично добиената Декларација за прием со фолио број, обврзникот за пресметка и уплата ги доставува до УЈП. По извршената обработка обврзникот за пресметка и уплата добива нова декларација при што по извршеното плаќање по истата обрзникот потребно е да ја достави на увид во УЈП за заверка на Договорот за цесија.