Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Поднесување на пресметка и исплата на бруто-плата

Опис на постапка

  1. Месечната пресметка за интегрирана наплата се поднесува на образец “МПИН“.
  2. Пополнетиот образец МПИН  го испраќате  преку електронска пошта celaplata@ujp.gov.mk.
  3. При доставување на МПИН за повеќе даночни обврзници преку електронска пошта, пресметките за плата  ги доставувате, одделно, за секој даночен обврзник.
  4. Декларацијата и Налогот за плаќање, надлежните се должни да ви ги  ви ги достават на вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.
  5. Еднаш доставената пресметка за плата не ја праќајте повторно преку е-пошта celaplata@ujp.gov.mk или во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.

Рок за поднесување на пресметката за плата

Oбврзникот за пресметка и уплата на придонесите е должен пресметката, да ја достави до Управата за јавни приходи, најдоцна до 10 во тековниот за претходниот месец, по електронски пат.

Рок за исплата на бруто-плата

Рок на уплата на придонесите е денот на исплатата на плата или дел од плата, надоместок на плата, пензија, односно друг паричен надоместок.

  • Денот на исплатата на плата или дел од плата, надоместок на плата, пензија, односно друг паричен надоместок е ден на доспеаност за плаќање на придонесите.
  • Доколку плата или дел од плата, надоместок на плата, пензија, односно друг паричен надоместок не се исплатени, рок на доспеаност за плаќање на придонесите е 15 од тековниот месец за претходниот месец.
  • За обврзниците за плаќање на придонеси кои се сами за себе обврзници за уплата на придонесите, рок на уплата на придонесите е 15 во месецот за претходниот месец.