Информации

Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги на РМ
бул. „Св. Кирил и Методиј“ 54, 1000 Скопје
e-пошта: contact@uvmk.gov.mk
Тел.: 02 3223-787
Факс: 02 3215-406
Работно време: од понеделник до петок, од 7:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот
Подрачни одделенија и канцеларии на Управата низ државата

Постапка за издавање извод од матична книга на родени

Постапката за издавање на извод од матичната книга на родените се иницира со уредно пополнување на барање за издавање на извод од матичната книга на родените, кое треба да се поднесе до подрачното одделение на Управата за водење на матичните книги според местото на раѓање на барателот, при што кон барањето се приложуваат и следните документи:

1. Лична карта или пасош за идентификација;
2. Уплатница на износ од 100,00 денари на име административна такса и
3. Уплатница на износ од 50,00 денари на сметка на Управата за водење на матични книги за обезбедување на извод од матичната книга на родените.

Наведените износи може да се уплатат и со картичка непосредно на шалтерот при Управата за водење на матичните книги.

Рокот за обезбедување на изводот од матичната книга на родените е 2-3 дена од поднесувањето на барањето заедно со потребните документи.

Изводот од матичната книга на родените може да се обезбеди и преку Електронскиот матичен регистар.