Информации

Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги на РМ
бул. „Св. Кирил и Методиј“ 54, 1000 Скопје
e-пошта: contact@uvmk.gov.mk
Тел.: 02 3223-787
Факс: 02 3215-406
Работно време: од понеделник до петок, од 7:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот
Подрачни одделенија и канцеларии на Управата низ државата

Постапка за издавање на извод од матичната книга на венчани

Постапката за издавање на извод од матичната книга на венчани се иницира со уредно пополнување на барање за издавање на извод од матичната книга на венчани.

Кон барањето се приложуваат следните документи:

1. Копија од лична карта и оригиналот на увид;
2. Уплатница на износ од 100,00 денари на име административна такса;
3. Уплатница на износ од 50,00 денари на сметката на Управата за водење на матични книги за обезбедување на извод од матичната книга на венчани.

Наведените износи може да се уплатат и со картичка непосредно на шалтерот при Управата за водење на матичните книги.

Рокот за обезбедување на изводот од матичната книга на венчани е 2-3 дена од поднесувањето на барањето заедно со потребните документи.

Изводот од матичната книга на венчани може да се обезбеди и преку Електронскиот матичен регистар.