Информации

Орган: Министерство за труд и социјална политика
Сектор: Сектор за социјална заштита
Одделение: Одделение за социјална, семејна и правна заштита на децата и семејството

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа - Берово
тел: 033/470-641
033/471-072

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа - Битола
тел: 047/231-641 лок 102
факс: 047/241 426

ЈУ Центар за социјална работа - Виница
тел: 033/361-305
033/360-305

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа - Гевгелија
тел: 034/213-797
факс: 034/211-955

ЈУ Центар за социјална работа - Крушево
тел: 048/477-739
факс: 048/476-466

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа - Куманово
тел: 031/438-160
031/446-316
031/438-150
факс: 031/438-170

Скопје
ул. Даме Груев 14
тел: 02/3106-404

Постапка за посвојување

Посвоител може да биде лице кое:

  • e државјанин на Република Македонија;
  • е деловно способно;
  • има лични својства за успешно вршење на родителските права;
  • не е постаро од 45 години;
  • да не е сродник со посвоеникот во права линија ниту брат ниту сестра и
  • да е 18 години постаро од посвоеникот.

Исклучоци:

  • Посвојувањето од странски државјанин се заснова со согласност на Комисијата за засновање на посвојување при Министерството за труд и социјална политика. Согласноста ќе се издаде само ако детето не може да биде посвоено на територијата на Република Македонија.
  • По исклучок како посвоител може да се јави и лице кое е постаро од 45 години, но старосната граница меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години.
  • Кога детето го посвојува брачниот другар на родителот на детето, детето може да биде посвоено без разлика на старосните грани.
  • Како посвоител може да се јави и лице или брачни другари кои ја надминуваат горната граница на старост, доколку се посвојува брат или сестра на детето кое е веќе посвоено.
  • Кога детето го посвојува сродник кој не е сродник со посвоеникот во права линија ниту брат ниту сестра и кој не живее на територијата на Република Македонија, детето може да биде посвоено до наполнување на 12 години од животот на детето.

Изборот на посвоителот зависи од следниве критериуми:

  • здравствена состојба;
  • психосоцијален статус;
  • материјални услови;
  • станбени услови;
  • време на чекање;
  • степен на образование;
  • брачен статус и
  • државјанство.

Посвоител не може да биде лице:

  1. на кое му е одземено или ограничено родителското право, како и лице на кое му е изречена казна за сторено кривично дело со ефективна казна затвор во траење од над шест месеци;
  2. на кое му е ограничена или одземена деловната способност;
  3. за кое постои основано сомневање дека положбата на посвоител ќе ја употреби на штета на посвоеникот;
  4. кое е душевно болно или лице со пречки во интелектуалниот развој, како и лице кое боледува од болест што може да го доведе во опасност здравјето и животот на посвоеникот;
  5. чија физичка попреченост е од таков степен што може оправдано да се сомнева во можноста да се грижи за детето;
  6. ако е постаро од 45 години;
  7. зависник од дрога или други психотропни супстанции или алкохол;
  8. кое има тешко хронично заболување или е болно од неизлечива заразна болест и
  9. ако мислењето на стручниот тим на центарот за социјална работа е негативно во однос на можноста тие лица да бидат родители.

За посвојување е потребна согласност на обата родители на посвоеникот, односно на неговиот старател, како и на посвоеникот ако е постар од дванаесет години

Доколку родителот е малолетен, покрај неговата согласност се зема и согласност на законскиот застапник.

Опис на постапката

1. Лицето кое сака да посвои поднесува барање до Комисијата за засновање на посвојување при Министерството за труд и социјална политика (во понатамошниот текст Комисијата).

2. По приемот на барањето со документите, Комисијата врши проверка на документите и откако ќе констатира дека се исполнети сите услови во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето доставува копија од барањето заедно со копија од целокупниот предмет до центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на подносителите на барањето.

Во случаите кога подносителот на барањето е странски државјанин, Комисијата врши проверка на документите и откако ќе констатира дека се исполнети сите услови врши упис во регистарот на можни посвоители.

Комисијата ако од извршената процена на документите утврди дека не се исполнети условите ќе донесе решение со кое ќе го одбие барањето.

3. Центарот за социјална работа до кого е препратено барањето врши процена за подобноста на посвоителите и за мотивите на посвојувањето, преку континуирано следење на потенцијалните посвоители, во период од 4 месеци (2 месеци кога подносител е брачниот другар на родителот на детето) и врз основа на наодот и мислењето на стручниот тим изготвува предлог за упис во регистарот на можни посвоители.

4. Лицата кои сакаат да посвојат дете можат да бидат упатени да посетат соодветно советувалиште.

5. Центарот за социјална работа по завршувањето на континуираното следење, во рок од 15 дена сите списи заедно со наодот и мислењето на стручниот тим и поединечните наоди и мислења на стручните работници со предлогот за упис во регистарот на можни посвоители ги доставува до Комисијата.

6. Комисијата во рок од 30 дена, но не повеќе од 60 дена, од денот на приемот на наодот и мислењето на стручните работници, донесува одлука и врши упис во регистарот на можни посвоители доколку се исполнети условите утврдени со овој закон.

Ако Комисијата утврди недостатоци, го доставува предметот до надлежниот центар за социјална работа и го задолжува во рок од пет дена да ги отстрани недостатоците и предметот да го врати на Комисијата.

Комисијата ќе донесе решение за бришење од регистарот на можни посвоители:

  • по засновање на посвојување;
  • ако лицето не може да биде посвоител;
  • ако подносителот на барањето го повлече барањето;
  • во случај на склучување на брак или престанок на бракот и
  • поради смрт на посвоителот.

7. Центарот за социјална работа, во рок од три дена од денот на приемот на решението за упис во регистарот на можни посвоители, врши архивирање на податоците за посвоителот во Програмата за избор на најсоодветен посвоител по електронски пат.

8. Центарот за социјална работа ги следи малолетните лица без родители и родителска грижа и дава предлог за упис во регистарот на можни посвоеници, кој го доставува до Комисијата.

9. Предлогот за упис во регистарот на можни посвоеници заедно со наодот и мислењето од стручниот тим и поединечните наоди и мислења на стручните работници, центарот за социјална работа ги доставува до Комисијата, во рок од пет дена од давањето на согласноста за посвојување на лицата.

10. Комисијата по добивањето на предлогот за упис во регистарот на можни посвоеници гo доставува извештајот за здравствената состојба за детето до Комисијата за оцена на здравствената состојба на децата без родители и родителска грижа (составена од 6 доктори, педијатри и дефектолози) која е должна во рок од 15 дена да достави наод и мислење за здравствената состојба на детето.

11. Комисијата е должна во рок од 30 дена од денот на приемот на работите од ставот 3 на овој член да изврши упис во регистарот на можни посвоеници.

Комисијата ќе донесе решение за бришење од регистарот на можни посвоеници:

  • по засновање на посвојување;
  • доколку родителот ја повлече согласноста за посвојување;
  • поради полнолетство и
  • поради смрт на посвоеникот.

12. По внесувањето на податоците за можниот посвоеник во Програмата, Комисијата на првата наредна седница врши избор на најсоодветен посвоител по електронски пат од првите три можни посвоители од листата на Програмата.

13. Потоа Комисијата за сместување на детето во семејството на посвоителите и веднаш го доставува до центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на можните посвоители.

 14. Сместувањето на детето  не може да биде пократко од два месеца, ни подолго од три месеца. Доколку посвоител е брачниот другар на родителот на детето, сместувањето на детето не може да биде пократко од еден месец, ниту подолго од два месеца. Доколку детето е сместено во семејство на посвоители кои се странски државјани и кои не живеат на територијата на Република Македонија, семејството кај кое е сместено дете, е должно половина од периодот на сместување на детето да го поминат на територијата на Република Македонија.

Центарот за социјална работа е должен континуирано да го следи сместувањето на детето и секој месец да доставува извештај до Комисијата.

15. Центарот за социјална работа по истекот на периодот на сместување, во рок од пет денa изготвува извештај за сместувањето и дава мислење детето да се посвои од конкретни посвоители и истиот го доставува до Комисијата заради засновање на посвојување.

16. Комисијата доколку од увидот во списите оцени дека предлогот на центарот за социјална работа не е во интерес на детето, истиот може да го одбие или предметот да го врати за дополнување на постапката во рок од 30 дена да направи нов избор на посвоители.

 17. Комисијата во рок од 30 дена од денот на приемот на документите, донесува решение за засновање на посвојување.

18. При засновање на посвојувањето е потребно присуство на посвоителот, неговиот брачен другар, родителите, односно старателот на посвоеникот, како и на посвоеникот ако е постар од дванаесет години.

Во оправдани случаи не е потребно присуство на брачниот другар на посвоителот, кој не се јавува како посвоител, ако својата согласност за посвојување ја дал пред центарот за социјална работа, на записник во кој мора да бидат точно означени посвоителот и посвоеникот.

19. Службеното лице на Комисијата ги запознава посвоителите со правата и должностите што произлегуваат од посвојувањето и ќе побара изјави за согласност за посвојување од лицата кои се должни согласно со овој закон, да дадат таква изјава, односно ќе ги прочита нивните порано дадени изјави за согласност.

20. При посвојувањето се составува записник и се донесува решение.

Во записникот и во решението за потполно посвојување се внесуваат податоци за видот на извршеното посвојување, за спогодбата за личното име на посвоеникот и за местото на раѓање на детето.

Во записникот и во решението за непотполно посвојување се внесуваат податоци за видот на извршеното посвојување, за спогодбата за презимето на посвоеникот и за неговите наследни права спрема посвоителот.

Записникот го потпишуваат службеното лице од центарот за социјална работа кое го застапува детето, родителите на детето, доколку се заснова непотполно посвојување, родителот на детето доколку посвојувањето го прави брачниот другар на родителот на детето, посвоителот, претседателот и службеното лице на Комисијата.

21. По засновањето на потполно посвојување во матичната книга на родените, како родители на детето се запишуваат посвоителите, а како место на раѓање на детето се запишува местото што спогодбено ќе го определат посвоителите.

По засновањето на непотполно посвојување во матичната книга на родените се запишува презимето на детето што спогодбено ќе го определат посвоителите и се забележува дека детето е непотполно посвоено.

22. Комисијата решението за посвојување ќе го достави до надлежниот матичар најдоцна во рок од 15 дена заради упис во матичната книга на родените.

Со потполното посвојување меѓу посвоителот и неговото семејство и посвоеникот и неговото потомство се создаваат права и должности кои постојат меѓу крвни роднини.

Со потполното посвојување престануваат заемните права и должности меѓу посвоеното дете и неговото поранешно семејство.

Потребни документи

Документите не треба да бидат постари од една година и се поднесуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар.