Информации

Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги на РМ
бул. „Св. Кирил и Методиј“ 54, 1000 Скопје
e-пошта: contact@uvmk.gov.mk
Тел.: 02 3223-787
Факс: 02 3215-406
Работно време: од понеделник до петок, од 7:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот
Подрачни одделенија и канцеларии на Управата низ државата

Постапка за признавање на татковство

Брачниот другар на мајката се смета за татко на детето родено за време на траењето на бракот или во рок од 300  дена по престанокот на бракот. За татко на детето родено надвор од брак се смета лицето кое ќе го признае детето за свое.

Постапката за признавање на татковство се остварува пред Управата за водење на матичните книги.

За да се реализира признавањето на татковството кога таткото на детето е државјанин на Република Македонија потребни се следните документи:

1. Копија од лична карта/пасош од родителите и оригиналот на увид;
2. Копија од изводот од матичната книга на родени од родителите и оригиналот од изводот на увид;
3. Писмена изјава дадена од таткото на детето.

Ако изводот од матичната книга на родени на мајката нема печат за важност од задната страна, потребно е мајката да извади нов извод од матичната книга на родени.

За да се реализира признавањето на татковството кога таткото на детето е странски државјанин потребни се следните документи:

1. Копија од пасошот на таткото и оригиналот на увид;
2. Копија од изводот од матичната книга на родени на таткото од странство, со заверен превод на македонски јазик и оригинал од изводот на увид;
3. Писмена изјава (согласност) дадена од таткото.