Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Постапка за упис на невладетелски залог во Заложен регистар

Законот предвидува два вида на залози и тоа невладетелски залог и владетелски залог. Во Заложниот регистар задолжително се упишува невладетелскиот залог.

  • Невладетелски залог врз предмет се стекнува со склучување на договор за залог и со попис на предметот на залог без предавање на предметот во владение на залогопримачот.

Во Заложниот регистар се врши упис, промена, бришење и давање на информација за заложените предмети.

Опис на постапка

  1. Регистрација, промена или бришење се врши врз основа на нотарски акт или потврда од страна на нотарот за склучениот договор за залог (солемнизација). Овие акти во Регистарот ги доставува нотарот, од него овластено лице или договорните странки доколку така се договорат.
  2. Регистрација, промена, бришење и давање на информација во Заложниот регистар се врши врз основа на пропишани обрасци.
  3. Доставувањето на документацијата  се врши лично со доставување на документите во просториите на Заложниот регистар или со нивно доставување по пошта.
  4. За извршениот упис, настанатите промени и престанокот на заложното право се издава исправа.
  5. Исправата за упис, мора да ги содржи битните елементи од договорот за залог, денот и часот на приемот на барањето во регистарот, како и времето на издавањето на исправата.
  • Секое правно или физичко лице може да бара информација за одреден заложен предмет. Информација се дава врз основа на барање за издавање на информација. Подносителот на барањето во образецот го наведува предметот на барањето и вака оформен се доставува лично или преку пошта до Заложниот регистар на подвижни предмети и права. Истата веднаш се издава на подносителот.

Уписот трае најмногу пет години, а рокот почнува да тече од моментот на запишувањето во Заложниот регистар. Овој рок може да се продолжи ако шест месеци пред истекот на рокот се побара неговото продолжување. Продолжувањето се врши врз основа на барање за продолжување, кон кое мора да се приложи писмена согласност од залогопримачот и да се надоместат трошоците.

За извршениот упис, промена, бришење и продолжување на траење на рок на упис на залогот, како и издавањето на информација од Заложниот регистар се плаќа соодветен надомест, утврден со Тарифата на Централниот регистар на Република Македонија.

Потребни документи

  • Пријава за упис, промена, бришење и продолжување на траење на рок на упис на залог, барање за давање на информација и
  • Потврда од страна на нотарот за склучениот договор за залог (солемнизација).