Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Постапка за упис на предметот кој е предмет на Договор за лизинг во Регистар за лизинг

Согласно Законот за лизинг, даватели на лизинг се домашни трговски друштва и странски трговски друштва кои имаат основано подружница во Република Македонија, во согласност со Законот за трговски друштва.

  • Со  Законот за лизинг  е предвидена обврска за давателот на финансиски лизинг да го регистрира предметот кој е предмет на Договорот за лизинг во посебен регистар кој се води во рамките на Централниот регистар на Република Македонија.

Опис на постапка

  1. За да може трговското друштво и подружница на странско трговско друштво да биде давател на финансиски лизинг во Република Македонија, треба да добие дозвола од Министерството за финансии за вршење финансиски лизинг.
  2. Министерството за финансии, за секоја издадена и одземена дозвола за вршење на лизинг го информира Централниот регистар. На овој начин Централниот регистар формира база на податоци за сите правни лица на кои им е издадена дозвола за вршење на лизинг во Република Македонија, како и за сите промени по однос на нивните дозволи.
  3. Давателот е должен да го регистрира предметот, кој е предмет на договорот за лизинг во рок од 5 работни дена од денот на потпишувањето на Договорот за лизинг.
  4. Давателот на лизинг е должен да го извести Централниот регистар, односно да ја регистрира секоја промена настаната во врска со предметот на Договорот за лизинг.
  5. При приемот на доставената документација:
  • се врши контрола во веќе оформената база на податоци за давателите на лизинг, односно дали давателот на лизинг има дозвола за вршење таква дејност,
  • се врши контрола на правно релевантните податоци од Пријавата,
  • се внесуваат истите и веднаш по одобрувањето на извршениот упис на странката и се издава Потврда за регистрација, промена или бришење, која ги содржи сите внесени податоци од Пријавата (податоци за подносителот на Пријавата, за давателот на лизинг, за корисникот на лизинг, опис на предметот на лизинг или промената на предметот на лизинг, вредноста на предметот даден на лизинг, краен рок на договорот за лизинг, правниот основ на лизингот како и содржина на прилозите и дополнителни информации).
  • Поднесената документација се враќа на подносителот, а во Регистарот се чуваат скенираните документи.

За извршениот упис, промена и бришење на лизингот од Регистарот за лизинг, како и за издавањето на информација се плаќа соодветен надомест, утврден со Тарифата на Централниот регистар на Република Македонија.

Потребни документи

  1. Договор за лизинг заверен кај нотар и
  2. Пријава за регистрација, промена или бришење на лизинг  (образец бр. 1)

Од овој Регистар секое правно или физичко лице може да побара информација со поднесување на Барање за издавање на информација за лизинг и тоа:

  • информација за комплетните податоци од упис по единствен деловоден идентификационен број;
  • за корисник на лизинг и
  • за предмет на лизинг.