Информации

Централен регистар на РМ
Бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 2 3290-241,
+ 389 2 3290-248
Факс.+ 389 2 3123-169
Центар за помош на корисници:
E-mail: tehnichkapomosh@crm.org.mk
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Постапка за упис на здруженија и фондации во регистарот на други правни лица

Регистарот води:

  • регистар на здруженија и регистар на сојузи, 
  • регистар на фондации и 
  • регистар на организациони облици на странските организации.

Регистрите се водат во пишан облик и како единствена централна електронска база на податоци кои се објавуваат на веб страницата на Регистарот и се запишуваат во Регистарот на други правни лица.

Формата, содржината и начинот на запишување и водење на регистрите ги пропишува министерот за правда.

Содржина на регистрите

Во регистрите се запишуваат:  – полното име на организацијата и скратеното име ако го има,  – седиштето,  – актот за основање,  – датум на основање,  – име, презиме и единствен матичен број на граѓанинот и единствен матичен број на основачите,  – датум на донесување, односно изменување и дополнување на статутот,  – предвиденото време за кое организацијата се основа,  – цели и дејности,  – име, презиме и единствен матичен број на застапникот по закон,  – податоци за организациски единици (подружници, канцеларија и слично),  – податоци за статус на организација од јавен интерес,  – податоци за статусните измени,  – податоци за стечај и ликвидација,  – забелешка за започнување постапка за забрана на вршење на дејност,  – престанок на работа и  – број и датум на решение за запишување, за промена на податоци и решение за бришење на уписот во соодветниот регистар. 

  • За фондациите освен горенаведенети податоци се запишува и почетната имотна маса.
  • За организационите облици на странските организации се запишува и државата во која е регистрирана странската организација и седиштето на организацијата во таа држава и името на организациската форма и вид на странската организација согласно со прописите на државата во која е регистрирана странската организација.
  • За организациите со статус од јавен интерес се запишуваат името, презимето и единствениот матичен број на членовите на органот за надзор.

Прочитај повеќе за:

Опис на постапка

  1. Запишувањето во Регистарот се врши со пријава за упис   која се поднесува во рок од 30 дена од денот на донесувањето на актот за основање, односно одлуката на странската организација за основање на организациониот облик на странската организација во Република Македонија. 
  2. Пријавата за упис се поднесува во писмена или во електронска форма во регистрационите канцеларии во Централниот регистар или преку самостојни регистрациони агенти. Кога пријавата се поднесува во електронска форма се потпишува со електронски потпис. Кога пријавата се поднесува во писмена форма се поднесува во еден примерок.  Ако пријавата за упис се поднесува во писмена форма преку пошта, како датум и време на нејзиното поднесување се смета датумот и времето на приемот во канцеларијата за упис. Подносител на пријавата е застапникот.
  3. По евидентирањето на пријавата за упис во електронскиот деловодник, автоматски се доделува деловоден број и се издава потврда за прием. Потврдата се издава на образец, со назначување на времето на поднесувањето на пријавата за упис, бројот под којшто е заведена во електронскиот деловодник, ознаката на регистарот, предметот на упис, списокот на примените прилози и податок за висината на уплатениот надоместок за упис. Ако пријавата за упис е доставена по електронски пат или по пошта, потврдата без одлагање, се доставува на подносителот на пријавата за упис на поштенската или електронската адреса назначена во пријавата за упис.
  4. Ако надлежните утврдат дека се исполнети условите за упис, во рок од 5 дена од моментот на доставување на комплетната документација ќе донесе решение за упис.

Предвиден рок за постапката: Регистарот е должен во рок од 5 дена од денот на поднесувањето на пријавата за запишување да донесе решение за запишување во Регистарот на други правни лица. Решението се доставува до подносителот на пријавата во рок од 3 дена од денот на донесувањето на решението. Со решението за запишување во Регистарот се доставува фотокопија од статутот заверен со печат на Регистарот. Со запишувањето во соодветниот регистар  организацијата се стекнува со својство на правно лице.

Потребни документи (здруженијата и фондации)

  • пријава за упис во регистарот; (за електронско пополнување)
  • статут, 
  • програма за дејствување, 
  • одлука за избор на органите и податоци за членовите на органите, 
  • одлука за избор на застапник по закон со неговите податоци, 
  • записник од основачкото собрание или извештај за основањето, и 
  • изјава заверена кај нотар потпишана од застапникот со која се потврдува дека вршењето на дејноста е во согласност со закон и дека се исполнети условите за упис.

Потребни документи (странската организација)

  • пријава за упис во регистарот; (за електронско пополнување)
  • заверена фотокопија на актот за основање на странската организација и заверен превод за регистрација во странската држава во која е основана или друг документ што потврдува дека организацијата може да дејствува, 
  •  заверена фотокопија на одлуката и заверен превод на одлуката на надлежниот орган за основање на организациониот облик во Република Македонија,
  • фотокопија и заверен превод на статутот или друг соодветен акт, 
  • програма за дејствување во Република Македонија,
  • заверена одлука и превод за изборот на органите со лични податоци на лицата кои членуваат во органите,  
  • заверен превод на одлуката и одлуката за избор на законски застапник со лични податоци, заверена фотокопија на исправата за идентификација на тоа лице и документ за регулиран престој, односно живеалиште во Република Македонија и  
  • заверен превод на одлуката за лице овластено од законскиот застапник за регистрација на организациониот облик на странската организација во Република Македонија.