Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Поврзани лица за цели на ДДВ

Поврзаното лице за ДДВ претставува група на лица кои се правно независни, регистрирани за целите на ДДВ и кои се тесно поврзани сопственички, организациски или управувачки.

Регистрација на поврзано лице

Регистрацијата на поврзано лице овозможува две или повеќе лица регистрирани за целите на ДДВ да се пријават како едно лице кое подлежи на оданочување со ДДВ, односно како еден даночен обврзник за ДДВ и истото ќе се третира како и секое друго единечно лице регистрирано за целите на ДДВ.

За да се регистрира едно поврзано лице мора да бидат исполнети следните услови:

  • лицата да се регистрирани за целите на ДДВ;
  • лицата да не вршат повеќе од 40% од вкупниот промет во претходната година на име промет ослободен од данок без право на одбивка и
  • меѓу лицата да постои организациска, сопственичка или управувачка поврзаност.

Пријавување на поврзаното лице во УЈП

Опис на постапка

  1. Лицата кои сакаат да се регистрираат како поврзано лице треба да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност на поврзани лица (образец ДДВ-01/ПЛ).
  2. Пријавата ја пополнува претставникот на поврзаното лице и истата се поднесува во онолку примероци колку што лица се поврзуваат во поврзаното лице.
  3. Пријавата се поднесува до Регионалната дирекција на УЈП, според седиштето на претставникот на поврзаното лице.
  4. За извршената регистрација на поврзаното лице за целите на ДДВ, УЈП донесува решение за регистрација за данокот на додадена вредност на поврзани лица во кое се наведува ДДВ бројот на поврзаното лице, претставникот на поврзаното лице, лицата кои се дел од поврзаното лице, датумот на отпочнување на делување на поврзаното лице, првиот даночен период, како и даночниот период на поднесување на ДДВ пријавите.

Прекинување на ДДВ регистрација на поединечните лица кои се регистрираат како поврзано лица

Со регистрирањето на поврзаното лице, се врши прекинување на регистрацијата за ДДВ на секое лице во поврзаното лице.

  • Прекинувањето на регистрацијата за ДДВ се врши со последниот ден од месецот во кој лицата самостојно делувале.
  • За извршенатото прекинување на регистрацијата за ДДВ, УЈП на поединечните лица им издава решение за прекинување на регистрацијата за ДДВ со наведување на датумот на прекинување на поединечната регистрација за ДДВ.

Пријавување и плаќање на ДДВ од поврзано лице

Претставникот на поврзаното лице е одговорен за пријавување на данокот на додадена вредност што треба да се плати, вклучувајќи го и пријавувањето на претходниот данок, како и за навремено плаќање на даночниот долг.

  • За неплатениот данок на додадена вредност од претставникот на поврзаното лице, одговараат сите лица на поврзаното лице. Кога некое лице од поврзаното лице има неплатен ДДВ, како и камата за период пред регистрирањето на поврзаното лице, претставникот и секое лице во поврзаното лице ја преземаат одговорноста за плаќање на данокот.
  • Кај поврзаните лица за ДДВ даночен период е секогаш календарски месец.
  • Даночната пријава за ДДВ претставникот е должен да ја поднесе и да го плати данокот во рок од 25 дена по истекот на даночниот период.