Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Права на потрошувачот – Фискализација

Како купувач на доброто, односно корисник на услугата побарајте фискална сметка во моментот на предавањето и плаќањето на доброто, односно на извршувањето и плаќањето на услугата.

Фискалната сметка претставува потврда дека сте купиле, односно дека сте ја платиле цената на соодветното добро, односно користената услуга од соодветниот деловен објект, на датумот кој е отпечатен на сметката.

Фискални сметки должни се да издаваат:

  • даночниот обврзник (продавач) кај кој сте извршиле промет, односно сте купиле добра или сте користеле услуги за кои сте платиле во готови пари;
  • даночниот обврзник, при плаќање на доброто или услугата со платежна картичка;
  • за продажба на добра на познат купувач при плаќање во готово, покрај фактура и испратница треба да се издаде и фискална сметка;
  • возачите на такси возила се должни да употребуваат фискален таксиметар и да издаваат фискална сметка на секој свој патник;
  • приредувачот на културно-спортска или друга манифестација  кој продава билети, влезници и слично, за кои наплаќа во готово и
  • даночниот обврзник, без разлика дали е регистриран или не е регистриран за целите на ДДВ, за прометот во готово должен е да издава фискални сметки.

– Корисниците на тезги на зелените пазари ќе отпочнат со фискализација од моментот на пристапување на Република Македонија во Европската унија.

Даночниот обврзник е должен, на видно место да постави соопштение со кое го информира купувачот на доброто, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметкa.

Фискални сметки не се должни да издаваат:

  • Даночните обврзници (паушалисти) кои данокот од доход за приходите од вршење на дејност го плаќаат според паушално утврден нето приход, освен таксистите;
  • Граѓаните/физичките лица кои издаваат под закуп станбен или деловен простор;
  • Лица кои не се трговци за прометот на непреработено и сопствено земјоделско производство што го вршат на тезги на пазари, како и надвор од пазарите;
  • Лица кои вршат дејности во објекти што се наоѓаат во населени места со број на жители под 300 луѓе и кои се сместени во високопланински и тешко достапни места, со исклучок на туристички места;
  • Колпортери – лицата кои вршат улична продажба на весници и списанија/колпортерска продажба; и
  • Лицата кои вршат континуиран промет, за кој издаваат сметки и за кој се предвидени последователни плаќања (испорака на струја, вода, телефонски услуги, греење и ладење и друго).

Во случај на престанок на електричната енергија или кога фискалниот апарат е оштетен, продавачот прометот задолжително го евидентира на парагон блокови.

  • Исклучок е продажбата на нафта и нафтени деривати на мало која треба да се врши исклучиво преку електронски систем со фискална меморија за регистрирање на прометот на нафта и нафтени деривати на мало и истиот се блокира при нарушена врска во системот.
  • Проверете дали парагон блокот кој ви го издал продавачот е видливо заверен со печат од Управата за јавни приходи, во спротивно истиот не е валиден и нема да може да ви послужи како доказ во остварување на вашите права како потрошувач/купувач.
Враќање на купеното добро
Во случај на враќање на добро се издава документ „Касова сметка за сторна трансакција“. При враќањето на доброто, на продавачот треба да му ја доставите фискалната сметка која продавачот ја закачува за сторно сметката како прилог на дневниот финансиски извештај. Не е дозволено издавање на сторно сметка при продажба на нафтени деривати.
Право на рекламација
За да го користите правото на рекламација, треба да ја чувате фискалната сметка, до истекот на гаранцискиот рок на доброто или до истекот на рокот на траење на доброто.