Информации

Фонд за здравствено осигурување на РМ
ул. „Македонија“ бб, 1000 Скопје (Централа), тел.: + 389 (2) 3289-000, факс: +389 2 3289-048
Бесплатен телефонски број: 0800 33 222, 076 339 180
Е-пошта: info@fzo.org.mk
Подрачна едница Скопје
бул. „Кочо Рацин“ бр. 91, 1000 Скопје
тел.: +389 (2) 3118 566
факс: +389 (2) 3164 848
Работно време:
8:30 - 16:30 часот

Права од специјалистичко-консултативна здравствена заштита

Специјалистичко-консултативната здравствена заштита опфаќа специјалистички прегледи, дијагностички, терапевтски и рехабилитациони постапки според медицинските индикации.

За потребата од упатување на специјалистичко-консултативна здравствена заштита одлучува избраниот лекар.

Специјалистичко-консултативна здравствена заштита осигуреното лице ја остварува во здравствена установа која врши такви здравствени услуги на подрачјето на Република Македонија, врз основа на упат од избраниот лекар.

Супспецијалистичката здравствена заштита се користи со упат на лекарот специјалист. Упатот важи 30 дена од денот на издавањето, односно до денот на закажаниот преглед, освен во оправдани случаи кога е поинаку определено. Во здравствената установа во која е упатено осигуреното лице ако има повеќе лекари од иста специјалност, осигуреното лице самостојно може да се определи кај кој лекар специјалист ќе користи здравствена услуга. Осигуреното лице е должно по извршениот специјалистичко-консултативен преглед да се јави кај избраниот лекар веднаш, но најдоцна во рок од 3 дена. За извршената здравствена услуга  на осигуреното лице му се наплатува учество (партиципација).