Информации

Фонд за здравствено осигурување на РМ
ул. „Македонија“ бб, 1000 Скопје (Централа), тел.: + 389 (2) 3289-000, факс: +389 2 3289-048
Бесплатен телефонски број: 0800 33 222, 076 339 180
Е-пошта: info@fzo.org.mk
Подрачна едница Скопје
бул. „Кочо Рацин“ бр. 91, 1000 Скопје
тел.: +389 (2) 3118 566
факс: +389 (2) 3164 848
Работно време:
8:30 - 16:30 часот

Право на користење на здравствени услуги во странство (привремен престој во странство во земји со кои РМ има договор за социјално осигурување)

(Привремен престој во странство во земји со кои РМ има договор за социјално осигурување)

Осигурените лица кои привремено престојуваат (приватно или службено, студиски престој, школување и стручно усовршување, престој во врска со меѓународна техничка, научна и културна соработка и сл.) во земји со кои Република Македонија има склучено меѓународен договор за социјално осигурување можат да користат здравствени услуги, како и бесплатна итна медицинска помош врз основа на потврда што ја издава подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување. По исклучок, потврдата не им се издава на осигурени лица за кои е утврдено дека боледуваат од акутни болести или акутни влошувања кај хронични болести.

Постапката за издавање на потврдата се поведува со поднесува барање – Образец ПП1 од страна на осигуреното лице.

Со барањето се доставуваат и следните документи:
– потврда за здравствената состојба, издадена од избраниот лекар и
– наод, оцена и мислење на лекарската комисија на Фондот.

По доставување на барањето, Фондот е должен да издаде двојазичен образец (потврда) за остварување на право на здравствено осигурување за време на привремен престој. Листата на двојазични обрасци е достапна  на интернет-страницата на Фондот. Осигурените лица врз основа на потврдите се изедначуваат со осигурените лица на земјата во која престојуваат, односно ги имаат истите права и обврски во случај на потреба од здравствени услуги.