Информации

Фонд за здравствено осигурување на РМ
ул. „Македонија“ бб, 1000 Скопје (Централа), тел.: + 389 (2) 3289-000, факс: +389 2 3289-048
Бесплатен телефонски број: 0800 33 222, 076 339 180
Е-пошта: info@fzo.org.mk
Подрачна едница Скопје
бул. „Кочо Рацин“ бр. 91, 1000 Скопје
тел.: +389 (2) 3118 566
факс: +389 (2) 3164 848
Работно време:
8:30 - 16:30 часот

Право на користење здравствени услуги во странство (здравствени услуги на осигурениците кои се упатени на привремена работа во странство)

Осигуреникот кој е упатен на привремена работа во странство може да користи здравствени услуги во странство врз основа на потврда што ја издава подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување.

Постапката за издавање на потврдата се иницира со пополнување на барањето на Образец Д1 (потврда за работници упатени на работа во странство), кое може да го достави правно лице, физичко лице и државни органи, односно работодавецот.

Заедно со барањето се доставуваат и следните документи:

– решение за упатување на осигуреникот на привремена работа во странство;
– согласност за упатување на работници во странство издадена од органот на управата надлежен за работни односи;
– лекарско мислење за здравствената состојба на осигуреникот издадено од здравствената установа која врши дејност медицина на трудот;
– потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување и
– здравствена легитимација на увид.

Потврдата се издава на двојазичен образец. Осигурените лица врз основа на обрасците (потврдите) се изедначуваат со осигурените лица на земјата во која престојуваат, односно ги имаат истите права и обврски во случај на потреба од здравствени услуги.

По завршувањето на привремената работа во странство, работодавецот го известува Фондот за престанокот на привремената работа во странство.