Информации

Фонд за здравствено осигурување на РМ
ул. „Македонија“ бб, 1000 Скопје (Централа), тел.: + 389 (2) 3289-000, факс: +389 2 3289-048
Бесплатен телефонски број: 0800 33 222, 076 339 180
Е-пошта: info@fzo.org.mk
Подрачна едница Скопје
бул. „Кочо Рацин“ бр. 91, 1000 Скопје
тел.: +389 (2) 3118 566
факс: +389 (2) 3164 848
Работно време:
8:30 - 16:30 часот

Право на надоместок на средства за вградени стандардни материјали на здравствените осигуреници

Правото на надомест на трошоците за купени материјали кои се вградуваат во болничка здравствена заштита осигуреното лице го остварува со поднесување на барање за надомест (рефундација) на средства на медицински потрошен материјал и/или вградени материјали за време на лекување во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита – Образец Р1.

Кон барањето се приложуваат и следните документи:

– специјалистички извештај/отпусно писмо (копија) од здравствената установа со која ФЗОМ има склучено договор за извршената здравствена услуга;
– фискална сметка во оригинал и копија или фактура (во оригинал) со доказ за плаќање за набавениот потрошен материјал и/или вграден материјал и
– доказ за трансакциската сметка на подносителот на барањето.