Информации

Фонд за здравствено осигурување на РМ
ул. „Македонија“ бб, 1000 Скопје (Централа), тел.: + 389 (2) 3289-000, факс: +389 2 3289-048
Бесплатен телефонски број: 0800 33 222, 076 339 180
Е-пошта: info@fzo.org.mk
Подрачна едница Скопје
бул. „Кочо Рацин“ бр. 91, 1000 Скопје
тел.: +389 (2) 3118 566
факс: +389 (2) 3164 848
Работно време:
8:30 - 16:30 часот

Право на ослободување од учество во трошоци на здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита

Правото на ослободување од учество во трошоци на здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита осигуреното лице го остварува со поднесување на барање П1 (барање за ослободување од партиципација) до Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Со барањето се приложува и:

– потврда за наплатено учество (партиципација) во цената на здравствените услуги од здравствените установи;
– отпусно писмо од здравствената установа со која Фондот има склучено договор за услугата;
– спецификација (пресметка) со фискална сметка за извршени здравствени услуги од соодветните здравствени установи;
– годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход – образец ПДД-ГДП за носителот на здравственото осигурување и членовите на семејството (копија со приемен печат од Управата за јавни приходи)/Уверение за остварени приходи во претходната година од Управата за јавни приходи;
– извод на родени за деца од 1 до 5 години (копија). Ако осигуреното лице не го приложи, Фондот ќе го обезбеди по службена должност;
– доказ за трансакциската сметка на подносителот на барањето.