Информации

Министерство за транспорт и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Предлог барање за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба кога на првото и второто јавно наддавaње не се јавиле заинтересираните лица

Опис на постапка

  1. Домашни и странски физички и правни лица можат да поднесат Предлог – Барање  за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба, кога на првото и второто јавно наддавање не се јавиле заинтересираните лица до Министерството за транспорт и врски на РМ.
  2. Барањето треба да биде комплетирано со целосна документација во оригинална форма (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот).

Потребни документи

  • Предлог – барање за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба кога на првото и второто јавно наддавање не се јавиле заинтересираните лица;
  • Извод од урбанистички план со дефинирана градежна парцела;
  • Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
  • Имотен или поседовен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;
  • Уверение за редослед на извршените промени во катастарската евиденција за предметното градежното земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина;
  • Врз основа на Уверението конкретен одговор од Министерство за финансии дека не е покрената постапка за денационализација до 31.12.2007 година за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија кое претставува КПбр._______ КО ________од поранешните сопственици односно од нивните наследници (надлежната Комисија за денационализација);
  • Инвестициона програма со конкретни рокови за изградба на предвидениот објект со вредност на инвестицијата и
  • Административна такса во вредност од 1500, 00 денари.

Документите ги приложувате во оригинална форма (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот).