Информации

Централен регистар на РМ
Бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел:+389 2 3290-241,
+ 389 2 3290-248
Факс: + 389 2 3123-169
Работно време
Понеделник до петок
8.30 - 16.30

Пренос на фирма (Трговец поединец)

Фирмата може да се пренесе на друг само заедно со претпријатието или со поголемиот дел од претпријатието. За пренос на фирмата којашто содржи име на физичко лице е потребна согласност на тоа лице или, ако е починато, согласност на неговите сродници до трет степен во права линија.

  • Во пренесената фирма се додава личното име, татковото име и презиме на новиот трговец-поединец.

Опис на постапка

  1. Трговецот-поединец, објавува најмалку во еден дневен весник и во деловните простории дека има намера да ја пренесе фирмата на друго лице.
  2. Ако во рок од 30 дена од денот на објавувањето на намерата за преносот на фирмата, ниту еден доверител со поднесок пред судот не се спротивстави на преносот на фирмата, се смета дека доверителите се согласиле со преносот.
  3. Поднесокот со којшто се спротивставува на преносот на фирмата, доверителот му го поднесува и на трговецот-поединец.
  4. Ако поранешниот сопственик или неговите законски наследници тоа го одобрат, лицето кое ја презема фирмата на трговец-поединец, покрај своето лично име, татковото име и презиме, може во фирмата да го задржи и личното име и презиме на поранешниот сопственик, како една од ознаките на фирмата.
  5. Пренесувањето на фирмата се запишува во трговскиот регистар.

Потребни документи

  • пријава за упис на пренесување на фирма;
  • договор за пренос на фирмата (заверен кај нотар) и
  • доказ дека сите доверители се согласиле со пренесувањето на фирмата.