Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Пресметување на данокот на добивка и предмет на оданочување

  • Пресметувањето и плаќањето на данокот на добивка го врши обврзникот на данокот на добивка.
  • Пресметувањето на данокот на добивка, може да го врши и лице – даночен советник, по овластување од даночниот обврзник, за да изврши составување и доставување на даночната пријава.

Предмет на оданочување

Оданочувањето на добивката која што ја остваруваат даночните обврзници од деловни, финансиски и неделовни трансакции.

  • Данокот по основ на исплата на дивиденди и други распределби од добивката, се утврдува на образец “ДД-ИД“ – Пресметка на данок на исплатена дивиденда и друга распределба од добивката.

Утврдување на добивката која се распределува за исплата во вид на дивиденда

1. Износот на дивидендата и другите распределби од добивката се утврдува од сметководствената добивка остварена за деловната година по намалување на износот на данокот пресметан на непризнаените расходи во истата година и по претходно покривање на непокриените загуби од минатите години.

  • Износот на дивидендата се утврдува и од пренесените нераспределени добивки од минатите години и од резервите коишто можат да се распределуваат во согласност со закон, намалени за евентуалните непокриени загуби од минати години.

2. Износот за исплата на аванс на дивиденда се утврдува врз основа на периодичната сметка или периодичниот финансиски извештај за трите, шесте, односно деветте месеца.

  • Аванс на дивиденда може да се утврди само до износот на добивката која што е остварена во периодот за којшто се исплаќа авансот на дивиденда.
  • Истиот не може да ја надмине вкупната добивка остварена во претходната година одобрена со годишната сметка, зголемена за пренесената нераспределена добивка од претходните години и со резервите кои можат да се распределуваат за оваа цел, намалени за износите коишто се издвојуваат за законските резерви и за резервите утврдени со договорот за друштвото, односно со статутот, за периодот за кој што се пресметува авансот на дивидендата, ако не се покриени загубите од претходните години, а тие од кои било причини не биле покриени со последната одобрена годишна сметка и со финансиските извештаи.

3. Износот на другите исплати односно распределби од добивката се утврдува:

  • во висина на ликвидациониот износ (ликвидационата маса) по намирување на доверителите, која се распределува на сопствениците на влогот (уделот) на субјектите (правни лица) кои престануваат да постојат, исплатени над вредноста на запишаниот капитал;
  • во висина на зголемената вредност над оснивачкиот влог, која се исплатува на содружниците кои истапуваат од друштвото, под услов да се врши намалување на основната главнина на друштвото;
  • другите исплати од добивката во кои спаѓаат исплатите на дополнителните издатоци врз основа на Одлука за исплата на лични примања на сопствениците на влогот, односно на уделот кои не се на терет на трошоците од работењето и не се пресметани во бруто платата, туку се искажуваат на терет на добивката за финансиската година (се искажуваат и сите други исплати од добивката спрема вработените и менаџментот, доколку не се пресметани во бруто платата).

Намалување на даночната основа за оданочување на исплатата на дивиденди и на други распределби од добивката

Намалувањето на даночната основа за исплата на дивиденди и на други распределби од добивката се извршува за износот на:

  • данокот по задршка пресметан на дивидендите остварени од нерезидентни лица, согласно Договорите за одбегнување на двојното оданочување;
  • пресметаниот и данок на добивка на матичното правно лице – резидент на Република Македонија, во висина на платениот данок кој го платила неговата подружница во друга држава, доколку таа добивка е вклучена во неговите приходи.

Намалувањата се вршат само до висината на данокот утврден според даночната стапка во Република Македонија.

Оданочување на исплатата на дивиденди и на други распределби од добивката

Исплатата на дивиденди и на други распределби од добивката се извршува со исплати во пари, во удели односно во акции на друштвото.

  • Оданочувањето на дивидендите односно на авансите на дивидендите кои се исплаќаат во пари, се врши на денот на којшто дивидендата се исплаќа.
  • Оданочувањето на дивиденда која е ставена во распределба во удели односно акции, се врши на денот на запишувањето на зголемувањето во Централниот регистар на РМ (за уделите) односно во Централниот депозитар на хартии од вредност (за акциите).

Оданочување на непризнаените расходи

Оданочувањето се извршува по истекот на деловната (календарската) година, односно по истекот на периодот за кој даночниот обврзник работел.

  • Предмет на оданочување се непризнаените расходи намалени за износот на даночниот кредит кој се состои од износот на расходите со одложено признавање за кои во даночниот период (годината) е настанат основот за нивно признавање и за износот на одобрените даночни ослободувања и олеснувања утврдени во Даночниот биланс за оданочување на непризнаените расходи (образец “ДБ“).

Намалување на даночната основа за  формирана непризнаените расходи за даночни цели

Даночната основа формирана од непризнаените расходи за даночни цели, се намалува за износот на оданочените расходи за кои рокот на нивното признавање достасал.

  • Намалувањето на даночната основа  се врши соодветно за износот на наплатените побарувања до висината на искажаниот приход, за кои во претходните даночни периоди било извршено зголемување на даночната основа според одредбите на членот 12 од  Закон за данок на добивката, соодветно на оданочениот износ.

Доколку во постапката на утврдување на даночната основа, согласно со одредбите на членовите 10 и 17 од Закон за данокот на добивка ќе се утврди дека износот на формираната даночна основа за даночниот период е помал од износот на намалувањето на истата за истиот даночен период, тогаш даночниот обврзник искажува даночна загуба.

  • Даночната загуба се пренесува на товар на даночната основа во наредните даночни периоди, но не подолго од пет години, започнувајќи по годината во која даночната загуба е искажана. Намалувањето се врши последователно почнувајќи од износот на најрано настанатите даночни загуби.
  • Намалувањето на даночната основа за износот на пренесените даночни загуби, се извршува по намалувањето на непризнаените расходи од годината на оданочувањето со износот на намалувањата на даночната основа за тековниот даночен период.