Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост

Приход од авторски права и права од индустриска сопственост е надоместокот што обврзникот го остварува од авторски права и права од индустриска сопственост.

Авторско право е единствено право и неразделно од авторското дело, што содржи исклучиви лично-правни овластувања (морални права), исклучиво имотно-правни овластувања (материјални права) и други овластувања на авторот (други права).

Права од индустриска сопственост се: патент, индустриски дизајн, трговска марка, ознака на потеклото и географска ознака.

Даночен обврзник

  • Физичко лице – кое остварува надоместок од авторски и права од индустриска сопственост и
  • Физичко лице – наследник или носител на авторски права и права од индустриска сопственост.

Даночна основа

  • Основа за пресметување на персоналнен данок за приходите од авторски права и права од индустриска сопственост е нето приходот што се добива кога од остварениот приход ќе се одбијат трошоците што биле потребни за негово остварување.
  • Даночна основа за пресметување на персонален данок за приходите од авторски права и права од индустриска сопственост што обврзникот ги остварил од дело што го создавал подолго од една година претставува сразмерниот дел на нето приходот.
  • При утврдувањето на нето приходот, приходите се делат на барање на обврзникот на онолку еднакви делови колку што години го создавал делото, но најмногу за пет години.

Даночна стапка

  • од 01.01 2008 година – стапката изнесува 10%

Утврдување аконтација на данок

По одбивка, исплатувач на приходот го пресметува данокот на доход за секој обврзник и за секој поединечно исплатен приход, во моментот на исплатата.

Годишна обврска на физичко лице

Физичкото лице до Управата за јавни приходи има обврска да достави Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП”), најдоцна до 15 март наредната година, според неговото живеалиште.