Информации
Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот
Регионални дирекции
Приходи од имот и имотни права (закупнина)
Приходи од имот и имотни права се приходите што обврзникот ги остварува од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.
Во приходите од имот и имотни права се вклучуваат и вредностите на сите давања и услуги на кои се обврзал закупецот, односно подзакупецот да ги изврши за сметка на закуподавачот (адаптација, реновирање, сервисирање, поправки, соодветни вградувања на опрема, инсталации и слично).
Даночен обврзник
Физичко лице кое остварува приходи од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.
Даночна основа
Основа за пресметување на данокот претставува нето приходот што се добива кога едногодишниот износ на остварениот приход во годината за која се утврдува данокот, ќе се намали за нормираните трошоци. Висината на нормираните трошоци со кои може да го намалите остварениот приход изнесуваат:
- 25% од износот на приходот – доколку приходот го остварувате од издавање во закуп или подзакуп на неопремени станбени и деловни простории.
- 30% од износот на приходот – доколку приходот го остварувате од издавање во закуп или подзакуп на опремени станбени и деловни простории.
- висината на стварните трошоци – доколку документирано ги докажете истите.
Даночна стапка
- од 01.01.2008 година – стапката изнесува 10%
Утврдување на аконтација на данок
Аконтацијата на данокот за приходите од имот и имотни права се врши:
- по одбивка – доколку исплатувачот на приходот (закупопримач ) води деловни книги
- по решение на УЈП – доколку закупопримач и закуподавач се физички лица
Аконтацијата на данокот на доход за приходите од имот и имотни (закупнини) права на кои данокот на доход, се плаќа по одбивка, ја пресметува исплатувачот за секој обврзник и за секој поединечно исплатен приход, во моментот на исплатата.
Аконтацијата на данокот на доход за приходите од имот и имотни права (закупнини) на кои не се плаќа данок по одбивка, ја утврдува со решение УЈП врз основа на податоците од даночната пријава “ПДД-АДП/ПИ” што сам ја поднесува даночниот обврзник, односно со споредување на закупнината за слични објекти кои се издаваат во закуп под приближно еднакви услови и според други податоци кои се од значење за утврдување на даночната обврска.
Обврски на физичкото лице
- Аконтативни – физичкото лице треба да достави образец “ПДД-АДП/ПИ”, во рок од 15 дена од денот на остварување на приходот, до канцеларијата на УЈП на чија територија се наоѓа имот. Кон даночната пријава треба да се приложи и Договорот за закуп.
- Годишни – физичкото лице треба за приходите остварени по овој основ, како и за сите други приходи остварени во тековната година, да достави образец “ПДД-ГДП”, најдоцна до 15 март наредната година, до канцеларијата на УЈП на чија територија се наоѓа неговото живеалиште, во Контакт центарот во Скопје без разлика каде се наоѓа вашето живеалиште или преку е-даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk