Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Приходи од капитални добивки (продажба на хартии од вредност, учество во капитал и недвижен имот)

Од 1 јануари 2006 година се воведе оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност. Согласно одредбите од Законот за персоналниот данок на доход, на оданочување подлежат приходите кои ги стекнуваат граѓаните по основ на капитални добивки.

Капитална добивка е приходот што обврзникот го остварува од продажба на хартии од вредност, учество во капиталот и недвижен имот.

  • Капиталната добивка претставува разлика помеѓу продажната цена на хартиите од вредност, учеството во капиталот и недвижниот имот и куповната (набавната) цена.

Даночен обврзник

Физичко лице – кое остварува добивка од продажба на хартиите од вредност, учество во капиталот и недвижниот имот.

Даночна основа

Основа за пресметување на персоналнен данок за приходите од капитални одбивки претставува разликата помеѓу продажната цена на хартии од вредност, учество во капиталот и недвижниот имот и набавната (куповната) цена.

Капиталната добивка остварена со продажба на хартии од вредност, учество во капиталот и недвижен имот, се внесува во даночната основа во висина од 70% од разликата.

Даночна стапка

  • од 01.01 2008 година – стапката изнесува 10%.

Утврдување аконтација на данок

УЈП, врз основа на податоците од даночната пријава за остварените приходи, ќе ја утврди аконтацијата на данокот на доход со привремено решение.

Обврски на физичко лице

  • Аконтативни – до Управата за јавни приходи физичкото лице треба да достави “образец ПДД-АДП/КД“, во рок од 15 дена од денот на остварување на приходот.
  • Годишни – до Управата за јавни приходи физичкото лице треба да достави “образец ПДД-ГДП“, најдоцна до 15 март наредната година, според неговото живеалиште.