Информации
Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот
Регионални дирекции
Приходи од самостојна дејност
Приходи од самостојна дејност – се приходите остварени од стопанска дејност, од давање професионални и други интелектуални услуги, како и приходите од земјоделска дејност и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи.
- Приходи од стопанска дејност – се приходите од производна, услужна, трговска, угостителска, превозничка и друга слична дејност.
- Приходи од професионални и други интелектуални услуги – приходите од здравствена, ветеринарна, адвокатска, нотарска, консултантска, ревизорска, инженерска, архитектонска, новинарска, спортска, културна и друга интелектуална дејност.
- Под приходи од земјоделска дејност се подразбираат приходите од производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи, како и одгледување на добиток и други стопанско-корисни животни и пласман на нивните производи.
Даночен обврзник
- трговец поединец (физичко лице – трговец кое самостојно во вид на занимање, врши некоја од дејностите утврдени со ЗТД);
- физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност и кои водат деловни книги;
- физички лица кои се занимаваат со занаетчиска дејност и кои водат деловни книги и
- физички лица кои вршат услуги или слободни занимања, кои остваруваат приходи од вршење на дејност (адвокати, нотари, лекари, ветеринари, инженери, архитекти, сметководители, ревизори, новинари и сл.) кои не се сметаат за трговци.
Даночна основа
Основа за пресметување на персоналнен данок за приходите од самостојна дејност претставува нето приходот (разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник) утврдени во даночниот биланс.
Даночна стапка
- од 01.01 2008 година – стапката изнесува 10%
Самооданочување (утврдување и плаќање на аконтација на данокот на доход)
Аконтацијата на персоналниот данок се плаќа до 15-ти во тековниот за претходниот месец, во износ од 1/12 (една дванаесттина) од пресметаниот данок во Годишниот даночен биланс (ПДД-ДБ). Напомена: Аконтацијата на персоналниот данок за месец Јануари 2015 година треба да се плати во висина на платената аконтација за месец Декември од 2014 година.
Годишни обврски за вршителите на дејност
- До УЈП (и Централниот регистар) задолжително се доставува по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk – Биланс на приходи и расходи (Б) и Годишен даночен биланс (ПДД-ДБ), најдоцна до 15 март наредната година.