Информации

Државен пазарен инспекторат
ул. 11 Октомври бр.118, Скопје, Р.Македонија

тел:+389 (2) 3220 547
email: info@dpi.gov.mk

Пријава за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност и започнување со работа

За вршење на угостителска дејност мораат да бидат исполнети пропишаните минимално-технички услови. Исто така мора да бидат исполнети и следниве услови: објектот да може да се употребува, санитарно здравствени услови, условите за заштита при работа, заштитата и унапредување на животната средина, противпожарна заштита и условите за заштита од бучава пропишани со закон.

Угостителската дејност во угостителските објекти ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор може да се врши доколку угостителот обезбеди и согласност од органот на државната управа надлежен за работите од областа за внатрешни работи дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот.

Угостителот е должен исполнувањето на условите и започнувањето со работа да го пријави на Државниот пазарен инспекторат, на градоначалникот на општината, а во градот Скопје на градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје според местото и седиштето на објектот, односно според местото каде што се даваат услугите, најмалку 15 дена пред почетокот на работењето на угостителскиот објект.

>> Пријава за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност и започнување со работа 

>> Пријава за промена на минимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност