Информации

Министерство за економија
Јуриј Гагарин 15, 1000 Скопје
+389 2 3093 485 +389 2 3093 486
е-пошта: info@economy.gov.mk

Пријава за утврдување на часот на отпочнувањето на работното време и распоредот на работното време на угостителски објект

Угостителот е должен часот на започнувањето на работното време и распоредот на работното време да го пријави на градоначалникот на општината, а во градот Скопје на градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје, како и на Државниот инспекторат за труд во рок од осум дена пред денот на почетокот на вршењето на угостителската дејност и пред измената на часот и распоредот на работното време на угостителскиот објект.

Градоначалникот на општината, а во градот Скопје, градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје водат евиденција за работното време на угостителските објекти што работат на подрачјето на нивната надлежност.

Во случај на објективни причини што бараат затворање на угостителскиот објект или измени на работното време на кои угостителот не може да влијае, угостителот може да го затвори угостителскиот објект, односно да го измени распоредот на работното време без да ја има исполнето горенаведената обврска. За тоа е должен да го извести гра- доначалникот на општината, а во градот Скопје градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје, како и Државниот инспекторат за труд во рок од пет дена од денот на настанувањето на причината.

Угостителот, работното време да го истакне на влезот на објектот и на видно место во објектот.

>> ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЧАСОТ НА ОТПОЧНУВАЊЕТО НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ И РАСПОРЕДОТ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ