Информации

Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги на РМ
бул. „Св. Кирил и Методиј“ 54, 1000 Скопје
e-пошта: contact@uvmk.gov.mk
Тел.: 02 3223-787
Факс: 02 3215-406
Работно време: од понеделник до петок, од 7:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот
Подрачни одделенија и канцеларии на Управата низ државата

Пријавување и склучување на брак надвор од службените простории на УВМК

По барање на лицата кои сакаат да склучат брак, бракот може да се склучи и надвор од службените простории на Управата за водење на матичните книги, со одобрение на директорот на Управата, при што целокупните трошоци за склучување на бракот паѓаат на товар на подносителите на барањето. По исклучок, лицата што сакаат да склучат брак надвор од службените простории на Управата за водење на матичните книги  можат да бидат ослободени од плаќање, со одобрение на директорот на Управата, доколку за тоа постојат оправдани причини.

Опис на постапката


1. Идните брачни другари пополнуваат барање за склучување на брак надвор од службените простории на Управата за водење на матичните книги.

2. Пополнетото барање го поднесуваат во архивата на Управата за водење на матичните книги за да биде заверено.

3. Примерок од пополнетото барање со архивски број добиваат и тие.

4. За 2-3 работни дена идните брачни другари добиваат известување за матичното подрачје определено за склучување на бракот.

5. Идните брачни другари, приложувајќи извод од матичната книга на родените и важечки документи за идентификација, како и уплатница на износ од 100,00 денари на име административна такса и уплатница на износ од 50,00 денари на сметката на Управата за водење на матични книги за обезбедување на извод од матичната книга на венчаните на денот на свадбата, потребно е да направат записник за склучување на брак во матичното подрачје што им е определено.

6. Најдоцна 15 дена пред одржувањето на свадбата потребно е во централата на Управата за водење на матичните книги да достават оригинал уплатница за извршена уплата на надоместокот за излегување на матичарот надвор од службените простории.
Висината на надоместокот  изнесува: 3.368,00 денари (доколку бракот се склучува во работен ден и во работно време, до 10 км оддалеченост); или 3.736,00 денари (доколку бракот се склучува во работни денови по 16:30 часот, до 10 км оддалеченост); или 7.472,00 денари (доколку бракот се склучува во неработни денови, сабота и недела и државни празници, до 10 км оддалеченост). Доколку оддалеченоста од матичното подрачје до местото на склучување на брак е над 10 км, наведените износи се зголемуваат за 100%.