Информации

Ј.П. „Водовод и канализација“ - Скопје
дирекција - ул. Вељко Влаховиќ бр.11, 1000 Скопје
Бесплатна телефонска линија:
0800 22 555
тел. +389 (2) 3240-300
факс. +389 (2) 3240-304
email. kontakt@vodovod-skopje.com.mk

Приклучок за објект со платени комуналии

Опис на постапка

  1. Откако на странката ќе и бидат издадени хидротехнички услови од ЈП “Водовод и канализација” – не постари од 1 година, се обраќа  во Градски комитет за урбанизам, комунално станбени работи.
  2. Комитетот во согласност со  хидротехничките услови и издава Налог на одреден изведувач (градежна фирма.)
  3. Градежната фирма доставува писмо до  ЈП Водовод и Канализација (Сектор за технички работи и развој) и во прилог  копија од хидротехнички услови и копија од налогот од Градски комитет .
  4. Инвеститорот е должен да плати за монтирање на водомер во шахта. Притоа треба да донесе потврда од  Служба за наплата за подмирени сметки (дирекцијата на Ј.П.Водовод и канализација  – приземје)  и барање за нов приклучок.

Цена на услугата: според спецификација и ценовник на ЈП “Водовод  канализација”. Рок на изработка на решението: 15 дена.

Потребни документи

  • Барање за нов приклучок;
  • Хидротехнички услови;
  • Налог на одреден изведувач (градежна фирма);
  • Градежната фирма доставува писмо и во прилог копија од хидротехнички услови и копија од налогот од Градски комитет;
  • Потврда од  Служба за наплата за подмирени сметки.