Информации

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
ул. Аминта Трети бр. 2 1000 Скопје Република Македонија
тел:(02) 3134 477
факс:(02) 3230 429
е-пошта: info@mzsv.gov.mk

Упис во регистар на откупувачи на земјоделски производи

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воспоставува и води Регистар на откупувачи на земјоделски производи, освен тутун.

За упис во Регистарот се поднесува Барање за упис до Министерството заедно со потребна придружна документација за докажување на исполнетоста на условите и тоа:

1. Документи за тековната состојба и доказ дека не е отворена постапка за ликвидација или стечајна постапка од Централен Регистар на Република Македонија;

2. Одобрение за објект за производство и промет на храна од Дирекција за храна или Одобрение за објект и оператор со храна (кланица) од Управата за ветеринарство доколку е регистриран за вршење на соодветна дејност преработка на земјоделски производи, односно колење на жив добиток;

3. Одобрение за објект за производство и промет на храна од Дирекција за храна и Решение за упис во регистарот на производители на вино од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доколку е преработувач на винско грозје;

4. Потврда за упис на производни капацитети на земјоделско стопанство согласно претходен упис на капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со статус на капацитети кој одговара на фактичката состојба, доколку е регистриран за одгледување на жив добиток.

5. Образец М1/М2 за вработени лица во редовен работен однос на неопределено работно време или потврда од Агенција за вработување;

6. Заверена копија од склучени договори за трговија на големо за понатамошна продажба на планираните количини за откуп, доколку откупот го вршат правни лица кои се регистрирани за вршење трговија со земјоделски производи;

7. Записник од Државен инспекторат за земјоделство за докажување на условот дека откупувачот располага со соодветни објекти и опрема согласно актот со кој се пропишуваат услови кои треба да ги исполнуваат откупувачите на земјоделски производи и откупните места;

8. Уверение за исправност и баждарење на опремата и мерните инструменти издадено од Дирекција за метрологија со рок на важност за време на вршење на откупот;

9. Одобрение од надлежниот орган на општината и општините на градот Скопје за локацијата на која ќе се врши откуп на мобилни откупни места за периодот за кој се планира откупот на земјоделските производи или Одобрение за собирен центар за жив добиток издадено од Управа за ветеринарство;

10. Документ за расположливи финансиски средства и намирени обврски за откуп на земјоделски производи и тоа:

– писмо на интерес од деловна банка за докажување на расположливи финансиски средства за откуп за тековната година или

– информација за економско финансиска состојба издадена од Централен Регистар на Република Македонија или

– ревизорски извештај од независна ревизорска куќа доколку има законска обврска за работењето во претходната година.

Кон барањето за донесување на решението за издавање на решение за упис во регистарот на откупувачи подносителот на барањето доставува и копија од барањето.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за издавање на решение за упис во регистарот на откупувачи донесува решение, со кое одлучува по барањето за издавање на решение за упис во регистарот на откупувачи.