Информации

Скопје
ул. Битпазарска бр.12 , 1000 Скопје
тел: 02 3237 850
факс: 02 3222 957
моб: 071 991 981

Битола
ул. Панда Чеснова
7000 Битола
тел: 047 232 880
e-mail: bitola@zkomora.mk

Велес
ул. Димо Хаџи Димов бр.23
1400 Велес
тел: 043 234 593
e-mail: zan_komveles@yahoo.com
veles@zkomora.mk

Виница
ул. Илинденска бр.78
2310 Виница
тел: 033 361 386
e-mail: vinica@zkomora.mk

Гевгелија
ул. Панде Дуганов бр.1
1480 Гевгелија
тел: 034 212 930
факс: 034 213 868
e-mail: rzk_gevgelija@yahoo.com
gevgelija@zkomora.mk

Гостивар
ул. Кочо Зози бр.15
1230 Гостивар
тел: 042 520 266
e-mail: gostivar@zkomora.mk

Дебар
ул. 8ми Септември
бб 1250 Дебар
тел: 046 838 000
e-mail: rzk_debar@yahoo.com
debar@zkomora.mk

Куманово
Гоце Делчев
Локалитет Гарнизон бр. 71
1300 Куманово
Тел/Факс: 031 424 227
Моб: 071 685 139
070 604 608
e-mail: kumanovo@zkomora.mk

Охрид
ул. Дејан Војвода бр. 55
6000 Охрид
тел: 046 260 202
моб: 070 504 490
070 492 688
e-mail: ohrid@zkomora.mk

Прилеп
ул. Републиканска бр. 44
7500 Прилеп
e-mail: rzk_prilep@yahoo.com
prilep@zkomora.mk

Ресен
Градски Т. Ц. бр.11
7310 Ресен
тел: 047 452 550
e-mail: resen@zkomora.mk

Струмица
ул. Боро Џони бр. 6
2400 Струмица
тел: 034 323 913
e-mail: rzk_strumica@yahoo.com
strumica@zkomora.mk
fotogole@yahoo.com

Штип
ул. Васил Главинов бб 2000 Штип
тел: 032 522 602
032 382 079
e-mail: rzk_stip@yahoo.com
stip@zkomora.mk

Привремено запирање на занаетчиска дејност

Занаетчијата може привремено да запре со вршењето на дејноста во случај на:

  • болест, додека трае неспособноста за работа;
  • служење, дослужување на воената обврска или учество во воена вежба додека трае служењето на воената обврска;
  • адаптација и реконструкција на просториите за работа до три месеца, еднаш во годината;
  • користење на годишен одмор;
  • притвор, издржување на казна затвор до шест месеца, изречена казна забрана за вршење дејност до шест месеца и
  • намален обем на работа до три месеца, еднаш годишно.

 Во случај кога запирањето на дејноста трае помалку од 30 дена, не се смета како привремено запирање.

 Привременото запирање по сите основи не може да биде подолго од 6 месеци во текот на годината.

 Опис на постапката

Занаетчијата е должен во рок од 8 дена од денот на настанувањето на случаите за привремено запирање да го пријави привременото запирање на вршење на дејност на комората.

Комората кај која е извршен уписот во Регистарот на занаетчии, на барање на занаетчијата издава решение за привремено запирање на дејноста, од кое еден примерок се доставува до органот на управата надлежен за јавни приходи.

Занаетчијата е должен, доколку занаетчиската дејност ја врши во простории, на видно место да го истакне периодот на привременото запирање на вршење на дејност.

Ако занаетчијата отпочне со вршење на дејност пред определеното време утврдено со решението за привремено запирање, должен е да го пријави продолжувањето на вршењето на дејноста на комората во рок од три дена од престанокот на причината поради која настанало привременото запирање на вршењето на дејноста.

Комората во рок од три дена од денот на добивањето на пријавата, го известува органот на управата надлежен за јавни приходи, за продолжување на вршењето на дејноста.

Потребни документи

  • Барање за привремено запирање на занаетчиска дејнос;
  • Решение издадено од Занаетчиска Комора Скопје (оригинал);
  • Изјава заверена на нотар;
  • Уплата во износ од 3.500,00 денари и
  • Уплата во износ од 4.800,00 денари за коморски придонес за реално одданочени занаетчии или 2.400,00 денари за паушално одданочените занаетчии.