Информации

Министерство за транспот и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Продолжување на дозвола за регистриран возен ред во меѓународниот линиски превоз на патници

Превозникот во рок од 3 до 6 месеци  пред истекот на важноста на дозволата потребно е да достави барање комплетирано со целосна документација за продолжување на возниот ред и дозволата за меѓународен линиски превоз до Министерството за транспорт и врски/ Секторот за патен сообраќај и инфраструктура.

Потребни документи

  • Бaрање за продолжување на дозвола за регистриран  возен  ред во меѓународниот линиски превоз на патници;
  • Копија од лиценцата за вршење на меѓународен линиски превоз на патници;
  • Фотокопии заверени кај нотар од сообраќајни дозволи на возила во сопственот,односно возила што ги користи по договор за лизинг,колку што е потребно за да може да ги одржува сите претходно одобрени возни редови и фотокопии од возачки дозволи од возачите;
  • Потврда за платени придонеси за правниот субјект и Список на обврзници од ПИОМ како и потврда за платени здравствени придонеси од ФЗО;
  • Распоред – План на возење на возачите за одржување на линијата;
  • Договор за заедничко одржување на линијата со странскиот превозник во два примерока на јазикот на превозниците, заверен на нотар доколку со меѓународен договор е предвидено линискиот превоз на патници да се воспоставува врз основа на реципроцитет;
  • Соодветен број примероци од одобрениот возен ред во зависност од трасата на линијата изготвени согласно прилог број 2 од Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред;
  •  Потребен број на итинерери и ценовници и
  • Доказ за платена административна такса за отпочнување на постапката за издавање на дозвола во износ од 3200 денари.