Информации

Министерство за транспорт и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Лиценца за вршење на организација на превоз на стока во внатрешниот и/или меѓународниот патен сообраќај

Лиценцата за вршење на организација на превоз на стока во внатрешниот и/или меѓународниот патен сообраќај  ја издава Министерството за транспорт и врски.

Барањето за издавање на лиценца се поднесува на образец во А-4 формат, во бела боја.

Кон барањето за издавање на лиценца за вршење на организација на превоз на стока во внатрешниот и/или меѓународниот патен сообраќај се доставуваат следните документи:

  1. Тековна состојба не постара од 6 месеци.
  2. Копии од обрасците М1/М2. и список на вработени по обврзник од ФПИО не постар од 60 дена.
  3. Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот на фирмата, односно на овластеното лице одговорно за превоз кое е во редовен работен однос кај превозникот.
  4. Потврда дека не е изречена правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството и од областа за безбедноста со казна затвор од една до десет години, за време на извршување на казната, за правното лице и управителот на правното лице.
  5. Потврда дека не е изречена прекршочна мерка на безбедност – забрана за вршење на професија, дејност или должност со казна затвор од една до десет години, за време на извршување на казната, за правното лице и управителот на правното лице.

Лиценцата за организација на превоз на стока и/или патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај се издава со рок на важење од десет години.