Информации
Агенција за електронски комуникации на РМ
Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје
тел:+389 (2) 3289 - 200
факс:+389 (2) 3224 - 611
е-маил: contact@aec.mk
Продолжување на одобрение
За продолжување на важноста на Одобрението за користење на радиофреквенции се доставува писмено барање до Агенцијата, во рок не пократок од 30 и не подолг од 90 дена, пред истекот на неговата важност.
Кон барањето се доставуваат следните документи:
- копија од одобрение за користење на радиофреквенции на коешто се продолжува важноста;
- доказ за извршена уплата на административна такса (копија од уплатница) согласно Упатство за уплата на административни такси;
- извод од Централен регистар доколку во истиот има промени.
Во случај на продолжување на важноста, Агенцијата издава ново одобрение, за време не подолго од 10 години.
Важноста на одобренијата за користење на радиофреквенции наменети за испитувања, мерења и атестирање на радиокомуникациска опрема и за користење на радиофреквенции наменети за посебни настани не може да се продолжува.