Информации

Станици за технички преглед, распоредени на територија на РМ

Продолжување на регистрација на автобус

Сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото е должен да ја продолжи регистрацијата на возилото, во рок од 30 дена од истекот на важноста на сообраќајната дозвола или да ги врати регистарските таблици на органот што му ги издал.

Се случува сопствениците на возилата да пропуштат навремено да ја продолжат регистрацијата на своето возило и во сообраќајот да учествуваат со нерегистрирано возило, притоа:

  • сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото,  по истекот на важноста на сообраќајната дозвола,  не смее да учествува во сообраќај со возилото;
  • на правното лицe  кое постапува спротивно на наведеното, ќе му  се изрече глоба во износ од 520 до 1.350 евра во денарска противвредност. Глоба во износ од 330 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лицe во правното лице и глоба во износ од 300  евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот;
  • сопственикот кој управува со моторно возило или со моторно и приклучно возило е должен кај   себе да има важечка сообраќајна дозвола и да ја покаже на барање на униформиран полициски службеник. Глоба во износ од 20  евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече,  односно ќе му се регистрираат 10  негативни бода согласно со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,  на возачот кој постапува спротивно.

Помеѓу извршениот редовен технички преглед за регистрација и самата регистрација на возилото , не смее да поминат повеќе од 30 дена, во спротивно , техничкиот преглед ќе мора да се повтори.

Потребни документи

  • барање за продолжување на важноста на регистрацијата;
  • сообраќајна дозвола;
  • доказ за техничка исправност на возилото – не постар од 30 дена;
  • лична карта (документ за идентификација)  и присуство на сопственикот (физ. лица);
  • известување за распоредување (прав. лица) и
  • потврда за баждареност од тахографот.