Информации

Агенција за катастар на недвижности на РМ
Бесплатен телефонски број: 0800 80 800
Генерална дирекција Ул.Трифун Хаџијанев бр.4, 1000 Скопје
Бесплатен телефонски број: 0800 80 800
Тел. +389 (2) 3204 800
Факс. +389 (2) 3171 668
е-пошта: office@katastar.gov.mk; info@katastar.gov.mk
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Промена во катастар на недвижности

За да извршите промена на податоците за недвижниот имот што е запишан во катастарот на недвижности, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да приложите:

  • ПРИЈАВА во писмена форма;
  • правна основа за запишување;
  • доказ за платен надоместок за услугата во согласност со член 4 од Tарифникот за висината на надоместокот за запишување недвижности кои останале со незапишани права и запишување промени во катастарот на недвижности и катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности кој е објавен на веб-страницата на АКН
Бројот на сметката, на која треба да го уплатите надоместокот за добивање на оваа услуга од АКН, е истакнат (или ќе го добиете) на шалтерот за информации во секое подрачно одделение на АКН.
Времетраењето на услугата зависи од тоа дали е потребен или не геодетски елаборат за промената. Промената за која не е потребен геодетски елаборат се спроведува во рок од 1 ден, а промената за која е потребен геодетски елаборат се спроведува во рок не подолг од 3 дена.
По извршената промена можете да поднесете барање за да добиете нов имотен лист.

Дополнителни информации Бесплатна телефонска линија. Ако имате некоја поплака околу незаконското работење на одредени службеници во Катастарот, но и да се информирате до каде е постапката за Вашиот предмет, обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 80 800.