Информации

Агенција за електронски комуникации на РМ
ул. “Димитрие Чуповски” бр.13, 1000 Скопје
тел:+389 (2) 3289 - 200
факс:+389 (2) 3224 - 611
е-маил: contact@aec.mk

Радио опрема

За користење на радио и телекомуникациска терминалана опрема, Агенцијата соработува со надлежните институции одговорни за увоз и употреба на РТТЕ опрема, Министерството за транспорт и врски и Министерството за економија.

  • Согласно член 76 став 3 од Законот за електронски комуникации и Правилникот за радиоопрема и телекомуникациска терминална опрема, Агенцијата има надлежност да издаде мислење само за онаа радио опрема која се става во употреба и која користи фреквенциски опсези, чија употреба не е усогласена на целокупната територија на Европската Унија. За таа цел, производителот или неговиот овластен застапник или пак лицето одговорно за пуштање на ваквата опрема на пазар и употреба, поднесува Пријава до Агенцијата за електронски комуникации за да ја пријави својата намера за пуштање на опремата во употреба.
  • Агенцијата води електронски регистар на телекомуникациска терминална опрема наменета за јавни мобилни комуникциски услуги. Формата, содржината и начинот на водење на регистарот, како и видот на податоците и начинот на доставување на податоците потребни за водење на регистарот, ги пропишува Агенцијата.
  • Операторите и/или давателите на јавни мобилни комуникациски услуги, правни или физички лица регистрирани за продажба на телекомуникациска терминална опрема, како и правни или физички лица кои набавиле телекомуникациска терминална опрема наменета за јавни мобилни комуникациски услуги или истата ја добиле како подарок или донација од лица надвор од територијата на Република Македонија се должни на Агенцијата да и достават податоци.

Ако мислењето на Агенцијата е позитивно, се продолжува со процедурата до надлежните институции согласно Правилникот за радио и телекомуникациска терминална опрема.