Информации

Агенција за електронски комуникации на РМ
Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје
тел:+389 (2) 3289 - 200
факс:+389 (2) 3224 - 611
е-маил: contact@aec.mk

Радиодифузна служба

Радиодифузна служба е радиокомуникациска служба со која се пренесуваат програмски содржини до крајни корисници, односно за општ јавен прием. Радиодифузната служба е еднонасочна комуникациска служба.

Според законските одредби, радиофреквенции од опсезите наменти за радиодифузна служба можат да се доделуваат на:

  • јавниот радиодифузен сервис за пренос на програмите на јавниот сервис,
  • на трговски радиодифузни друштва и
  • на непрофитни установи.

Одобрение за користење на радиофреквенции од радиофреквенциските опсези наменети за радиодифузна служба се доделуваат на барање на корисниците врз основа на Одлука на Советот за радиодифузија за доделување на дозвола за вршење на радиодифузна дејност.

  • Барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба се поднесува до Агенцијата во пишана форма согласно  Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за користење на рф.

За издавање на одобрение за користење на радиофреквенции за радиодифузна служба, се доставуваат следните документи:

Доколку за вршење на радиодифузната дејност се користи и радиофреквенција за фиксна служба за пренос на модулацијата од студиото до предавателната локација, барањата за издавање на одобрение за користење на радиофреквнеции за фиксна служба се доставува според условите за фиксна служба. За користење на радиофреквенции за радиодифузна служба се плаќа годишен надоместок според Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции.