Информации

Централен регистар на РМ
Бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290-241,
+ 389 (2) 3290-248
Факс.+ 389 (2) 3123-169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Регистар на директни инвестиции

Директните инвестиции се вид на капитални трансакции.
Директните инвестиции се вложувања со кои инвеститорот има намера да воспостави трајна економска поврзаност и/или да оствари право на управување со трговското друштво или другото правно лице во кое инвестира.

Како директни инвестиции се сметаат:

  • основање на трговско друштво во целосна сопственост на инвеститорот;
  • зголемување на основната главнина на трговското друштво во целосна сопственост на инвеститорот;
  • основање подружница;
  • стекнување на целосна сопственост над постоечко трговско друштво;
  • учество во новоформирано или веќе постоечко трговско друштво, ако со тоа инвеститорот поседува или се здобива со повеќе од 10% учество во основниот капитал на трговското друштво, односно повеќе од 10% од правото на одлучување;
  • долгорочен заем со период на достасување од пет и повеќе години, кога се работи за заем од инвеститорот и кој е наменет за трговско друштво во негова целосна сопственост;
  • долгорочен заем со период на достасување од пет и повеќе години, кога се работи за заем наменет за воспоставување на трајна економска поврзаност и ако е даден меѓу економски поврзани субјекти.

Директните инвестиции на резиденти во странство се слободни. Директните инвестиции на нерезиденти во Република Македонија се слободни, ако со друг закон поинаку не е уредено.

  • Резидентите кои вложуваат во странство и резидентите во кои нерезидент има вложување кое се смета за директна инвестиција, се должни во рок од 60 дена од денот на склучување на капиталната трансакција која е правна основа за стекнување на директната инвестиција во странство односно во Република Македонија, да го пријават вложувањето и сите натамошни измени на вложувањето во Република Македонија.
  • Централниот регистар врши упис на вложувања на резидентите во странство и на нерезиденти во РМ и сите натамошни измени на вложувањата кои се сметаат за директни инвестиции во Регистарот на директни инвестиции на резиденти во странство, односно во Регистарот на директни инвестиции на нерезиденти во Република Македонија, за што издава потврда за извршен упис и на секоја натамошна измена на директната инвестиција.
  • Со уписот на директните инвестиции во Регистарот на директни инвестиции им се овозможува на инвеститорите пренос на добивка, пренос на финансиски средства добиени со отуѓување и продажба на сопственички дел во директната инвестиција, како и преносот на остатокот од ликвидационата маса. Овој пренос е слободен но под услов инвеститорот да ја регистрирал директната инвестиција и да ги намирил сите законски обврски врз основа на даноци и придонеси во РМ.
Непријавувањето на директната инвестиција во регистарот за директни инвестиции согласно на чл. 56 од Законот за девизното работење, е прекршок.
  • Прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Министерството за финансии – Државен девизен инспекторат.

Опис на постапка

  1. Директната инвестиција се реализира со вложување во пари, предмети и права.
  2. Директната инвестиција се пријавува на Пријава – Образец ДИН или ДИР.
  3. Со секоја пријава (прв упис или промена) нерезидентот или резидентот е должен да го достави правниот основ за настанување на инвестицијата односно промената.
  4. Со пријавата за упис се поднесуваат и потребните прилози (исправи и докази) во коишто се содржани податоците што се запишуваат во регистар за директни инвестиции.
  5. Како валиден и основен доказ кога инвестицијата се реализира во пари, е трансферот на парите да е извршен преку банка на пропишаните обрасци од Народната банка на Република Македонија и тоа: oбразец 743 (за нерезиденти кои пријавуваат директна инвестиција во Република Македонија) или образец 1450 (за резиденти кои пријавуваат директна инвестиција во странство), со соодветните шифри согласно на Упатството на Народната банка на Република Македонија за платниот промет со странство.
  6. Кога инвеститорот – нерезидент вложува во акции во акционерско друштво, доказ се документите од берза за берзанската трансакција, од Централниот депозитар за хартии од вредност и од Комисијата за хартии од вредност.
  7. Кога инвестицијата се реализира во предмети, како валиден и основен доказ е царинската декларација за увоз односно извоз на предметите (опрема исл.) , фактури – доколку предметите се подвижни, додека за недвижниот имот доказ е имотниот лист. Проценката на овластен проценител за вредноста на опремата без царинска декларација, не е доказ за непаричниот влог.
Од Регистарот за директни инвестиции, Централниот регистар, освен потврдите за извршен упис или промена, ги издава и следните документи:
  • актуелна состојба на инвестицијата;
  • историјат на промени на инвестицијата;
  • фотокопија од решение од Министерството за економија (за инвестициите кои се водеа во Министерството за економија) и други документи со заверка или без заверка кои биле доставени во хартиена форма;
  • отпечаток од скенирани записи.
Цената на уписот или промената во регистарот на директни инвестиции е одредена во Тарифата на Централниот регистар.

Централниот регистар, овозможи регистрирање на директните инвестиции и преку интернет.

Потребни документи

  • Пријава за регистрација на директни инвестиции на нерезиденти во Република Македонија / Пријава за регистрација на директни инвестиции на резиденти во странство
  • правниот основ за настанување на инвестицијата односно промената;
  • исправи и докази во коишто се содржани податоците што се запишуваат во регистар за директни инвестиции, пр: инвестицијата се реализира во пари- трансферот на парите да е извршен преку банка на пропишаните обрасци од Народната банка на Република Македонија (oбразец 743  или образец 1450 );
  • инвеститорот нерезидент, вложува во акции во акционерско друштво – документите од берза за берзанската трансакција;
  • инвестицијата се реализира во предмети- царинската декларација за увоз односно извоз на предметите (опрема исл.), фактури доколку предметите се подвижни,  за недвижниот имот, доказ е имотниот лист.