Информации
Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30
Регистар на права врз недвижности
Во овој регистар не се врши упис на правата врз недвижностите
Запишувањето на правата врз недвижностите се врши во Агенцијата за катастар на недвижности, а Централниот регистар преку on – line поврзување со Агенцијата за катастар на недвижности, изворно ги користи нивните податоци за подрачјата каде е воведен Катастарот на недвижности.
- Централниот регистар издава информации за правата врз недвижностите кои се запишани во имотните листови, а се однесуваат на податоци за сопствениците, податоци за парцелите и објектите на тие парцели и податоци за товарите.Информациите кои се издаваат од овој Регистар имаат информативен карактер и со нив не се докажува право на сопственост.
Опис на постапка
- Издавањето на информации се врши врз основа на поднесено барање за издавање на информација на посебен образец.
- Образецот може да се пополнува електронски и рачно.
- Во него се наведуваат податоци за барателот на информацијата – Име и презиме, адреса, ЕМБГ и телефон доколку се работи за физичко лице, или назив, адреса и телефон доколку се работи за правно лице.
- Потоа се означува видот на информацијата која што се бара со обележување на едно од двете полиња – сопственост или товари и се избира најмалку еден од критериумите за пребарување: пребарување по број на имотен лист, пребарување по број на катастарска парцела, по име или назив на сопственикот (а податокот за адреса не служи за пребарување, туку истиот е дополнителен критериум доколку се појават повеќе лица со исто име и презиме) и по ЕМБС односно ЕМБГ.
- По извршеното пребарување, Регистарот за права врз недвижности, издава информација во која се содржани бараните податоци за запишаните права на сопственост и сите евидентирани товари вклучително и запишаните хипотеки за подрачјата каде е воведен Катастарот на недвижности.
Централниот регистар не издава документи – потврди за кои исклучиво е надлежна Агенцијата за катастар на недвижности како што се потврда дали некое лице не поседува недвижен имот, или дека некој имот не е под хипотека.
Надоместокот за добивање на податоци од Регистарот за права врз недвижности е утврден со Тарифата на Централниот регистар на Република Македонија.