Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Агенција за катастар на недвижности на РМ
Ул. Трифун Хаџијанев бр.4, 1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3204 800
Факс. +389 (2) 3171 668
email: office@katastar.gov.mk
info@katastar.gov.mk

Регистар на права врз недвижности

Запишувањето на правата врз недвижностите се врши во Агенцијата за катастар на недвижности, а Централниот регистар преку on – line поврзување со Агенцијата за катастар на недвижности, изворно ги користи нивните податоци за подрачјата каде е воведен Катастарот на недвижности.
  • Централниот регистар издава информации за правата врз недвижностите кои се запишани во имотните листови, а се однесуваат на податоци за сопствениците, податоци за парцелите и објектите на тие парцели и податоци за товарите. Информациите кои се издаваат од  Регистарот на ЦРМ имаат информативен карактер и со нив не се докажува право на сопственост.

Опис на постапка

  1. Издавањето на информации се врши врз основа на поднесенобарање за издавање на информација на посебен образец.
  2. Образецот може да се пополнува електронски и рачно.
  3. Во него се наведуваат податоци за барателот на информацијата – Име и презиме, адреса, ЕМБГ и телефон доколку се работи за физичко лице, или назив, адреса и телефон доколку се работи за правно лице.
  4. Потоа се означува видот на информацијата која што се бара со обележување на едно од двете полиња – сопственост или товари и се избира најмалку еден од критериумите за пребарување: пребарување по број на имотен лист, пребарување по број на катастарска парцела, по име или назив на сопственикот (а податокот за адреса не служи за пребарување, туку истиот е дополнителен критериум доколку се појават повеќе лица со исто име и презиме) и по ЕМБС односно ЕМБГ.
  5. По извршеното пребарување, Регистарот за права врз недвижности, издава информација во која се содржани бараните податоци за запишаните права на сопственост и сите евидентирани товари вклучително и запишаните хипотеки за подрачјата каде е воведен Катастарот на недвижности.
Централниот регистар не издава документи – потврди за кои исклучиво е надлежна Агенцијата за катастар на недвижности како што се потврда дали некое лице не поседува недвижен имот, или дека некој имот не е под хипотека.

Надоместокот за добивање на податоци од Регистарот за права врз недвижности е утврден соТарифата на Централниот регистар на Република Македонија.