Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Регистар на вложувања во недвижности

Согласно на Законот за девизното работење, вложувањата во недвижности се капитални трансакции чија цел е трансфер на капитал.
Под резиденти се подразбираат:
  • Трговски друштва, трговци поединци и други правни лица со седиште во Република Македонија и нивни претставништва во странство;
  • Подружници на странски друштва запишани во трговскиот регистар во Република Македонија;
  • Филијали на странски банки;
  • Физички лица кои самостојно вршат дејност како занимање со постојано место на живеење во Република Македонија и кои не се третираат за трговци според Законот за трговски друштва;
  • Физички лица со постојано место на живеење во Република Македонија;
  • Физички лица кои привремено престојуваат во Република Македонија врз основа на важечка виза за престој, односно работна виза во траење од најмалку шест месеци и
  • Дипломатски, конзуларни и други претставништва на Република Македонија во странство кои се финансираат од буџетот на Република Македонија, како и вработените во тие преставништва и членовитена нивните потесни семејства.

Според Законот за девизното работење, под нерезиденти се подразбираат сите други лица кои не се дефинирани како резиденти.

Според Законот за сопственост и други стварни права, под нерезидент – физичко лице, се смета она физичко лице кое нема државјанство на Република Македонија, освен ако со Закон не е поинаку определено, додека под нерезидент правно лице, се смета она правно лице кое има регистрирано седиште на територијата надвор од Република Македонија, освен ако со Закон не е поинаку определено.

Резидентите не можат да вложуваат во недвижности во странство се додека не истече првата етапа од Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската унија. По истекот на овој период, сите резиденти кои ќе вложат во недвижности во странство, должни се во рок од 60 (шеесет) дена од денот на настанување на правната основа за стекнување на недвижноста, да го пријават вложувањето и сите натамошни промени на вложувањето во Централниот регистар на Република Македонија.

Централниот регистар на Република Македонија, врши упис на вложените средства во недвижности и на сите измени на вложувањето во недвижности во Регистарот за вложувања во недвижности на нерезиденти во Република Македонија, за што издава соодветна потврда.
  • Со измените и дополнувањата на Законот за девизното работење сите резиденти и нерезиденти кои заклучно со 08.08.2003 година вложувале во недвижности во странство и во Република Македонија, да извршат упис на вложувањата во овој регистар. Целта на оваа измена беше да се евидентира вредноста на сите вложувања во недвижности од нерезиденти во Република Македонија и на резиденти во странство, независно дали се извршени пред или по стапување на сила на Законот за девизното работење.

Потребни документи

  • РНР – за регистрација на вложување во недвижности на резиденти во странство;
  • РНН – за регистрација на вложувања во недвижности на нерезиденти во Република Македонија;
  • Валиден имотен лист за нерезидентите кои вложиле средства во недвижен имот во Република Македонија, а за резидентите кои вложиле во недвижен имот во странство – доказ од соодветната институција каде се запишува правото на сопственост врз недвижниот имот;
  • Правниот основ за стекнување на недвижноста кога се работи за имот стекнат пред влегување во сила на Законот за девизното работење (стари вложувања);
  • Купопродажен договор заверен кај нотар;
  • Доказ за пренос на паричните средства преку каналите на платниот промет за нови вложувања;
  • Документ за идентификација на резидентот, нерезидентот или овластеното лице;
  • Полномошно заверено кај нотар за овластеното лице кое го застапува резидентот или нерезидентот и
  • Решение од Управата за јавни приходи со кое е утврдена вредноста на имотот – се зема проценетата вредност на имотот;