Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Регистар за казни на правни лица

Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица е јавна книга која претставува единствена електронска база на податоци којашто содржи податоци од казнената евиденција на првостепениот суд за споредните казни за сторени кривични дела на правни лица пропишани со Кривичниот законик на Република Македонија.

Главната и споредните казни се впишуваат електронски во регистарот врз основа на доставените правосилни судски одлуки по службена должност од првостепените судови. Главната казна се брише по службена должност од регистарот кога ќе поминат три години од денот на извршената или застарената казна, додека пак, споредните казни се бришат по службена должност од регистарот по истекот на времето за кое се изречени.

Потврдите дека не е впишана главна или споредна казна за правното лице се издаваат во текот на еден ден од денот на поднесување на Барањето за издавање на потврда/информација.