Информации
Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30
Регистар за забрана на вршење на дејност
Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана на вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност е јавна книга која претставува единствена електронска база на податоци којашто содржи податоци од евиденцијата на прекршочните санкции на првостепените судови за физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана на вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност пропишани со Законот за прекршоците.
Централниот регистар на Република Македонија по службена должност електронски ги евидентира прекршочните санкции на првостепените судови за физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност, и истите ги брише по службена должност од регистарот, по истекот на времето за коишто се изречени.